ООУ “Ј.Х.Песталоци”- Општина Центар, Скопје | Биди и ти заштитник на планетата Земја

2326
Booking.com INT

Како дел од проектот МИО за меѓуетничка интеграција во образованието,започна ЕКО-проектот “Биди и ти заштитник на планетата Земја” со литературен и ликовен конкурс.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Проектот започна на 29.03.2017г.во училиштето-домаќин “Браќа Рамиз и Хамид” во Општина Шуто -Оризари во Скопје.Учество земаа четири училишта од Скопје и околината.

ООУ “Ј.Х.Песталоци-Општина Центар, ООУ “Св.Кирил и Методиј”село Кучевиште, ООУ “Лазо Трповски”, Општина Карпош и училиштето-домаќин “Браќа Рамиз и Хамид” Општина Шуто-Оризари.

Учениците твореа на литературен и ликовен конкурс,при што на ликовниот конкурс,учениците заеднички во групи изработуваа разни фигури од пластика,метал и гума,а на литературниот индивидуално твореа лични творби со еко-содржини кои беа наградени.

Од нашето училиште литературниот конкурс го подготвуваа наставниците-ментори: Снежана Велкова и Ана Георгиева, а ликовниот конкурс наставничката-ментор Нада Ѓорѓиовска.

Првата награда на литературниот конкурс ја освои ученичката Сара Јагликовска VII 2 одд. од ООУ “Ј.Х.Песталоци”, ментор-Ана Георгиева, втората награда и припадна на ученичка од ООУ “Лазо Трпоски” и третонаградена беше творбата на ученичката од ООУ “Браќа Рамиз и Хамид”. Манифестацијата заврши со меѓусебна дружба, делење искуства и фотографирање до следното видување и секако до завршната манифестација која ќе се одржи на 29.04.2917г, а домаќин ќе биде нашето училиште.

Еве дел од атмосферата на самиот настан:

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...