Опасни заблуди кои родителите ги имаат за своите деца

16491

Дали децата и адолесцентите кои се одлични во училиште, кога ќе дојдат дома, се затвораат во соба и живеат виртуелен живот додека во реалниот немаат ниту еден пријател, се модел за другите? Дали, меѓу другото, поради вакво однесување на детето, на родителите би требало да им се ѕвони за узбуна? Бесконечна е серијата прашања кои се поставуваат по трагедии, како онаа, кога исчезнатиот матурант од Загреб беше пронајден мртов. Колку има деца и млади луѓе кои посегнале по нивните животи, и зошто?

Педагозите, психолозите, социолозите и јавното обвинителство за деца се на едногласно мислење дека заради тоа е воведена здравствена едукација, за која се зборува со години, но не може да најде место во училишните распореди, затоа што се однесува на менталното здравје и неговата заштита, како и национална стратегија која би спречила самоубиства на деца и млади
“Целосна заблуда на повеќето родители е кога велат: “Јас имам ќерка или син. Тие се одлични во училиште. Тие се безбедни, бидејќи се во својата соба.” Тоа е прва заблуда. Од она што го слушнав, момчето кое извршило самоубиство токму го живеел тој свој виртуелен живот, да не речам – единствениот кој го имал. Тоа е првото нешто што треба да го демистифицираме и да укажеме веќе на фактот дека нешто не е во ред, дека детето има само виртуелни пријатели, а во животот ниту еден”, зборува за tportal педагог и социолог Златко Милиша од Филозофскиот факултет во Осиек.

Според него, наставниците се првите професионалци, кои би требало да им укажат на родителите за одредени и препознатливи знаци кои укажуваат на одредени депресивни состојби. Една од нив е и претерано подведување по друштво, а неа ја смета за втората крајност.

И покрај тоа што ќе каже за себе дека ѝ припаѓа на групата луѓе кои не сакаат да ја префрлат топката на одговорност на другата страна, првиот виновник треба да го бара во хрватската Влада која ќе донесе противпошарни мерки кога ќе се случи трагичен поединечен случај, како оној на Лука Риц и бројни обиди за самоубиство.

“Никакви противпожарни мерки не се потребни, туку се потребни системски работи. “Социјални ноеви” за целите на спречување на самоубиства кај децата и младите седат во Владата. Тие ќе сторат сé освен да се грижат за менталното здравје на поединците. Според моите сознанија, бројот на обиди за самоубиства, особено во основните училишта, расте од година во година. Кога ќе се случи таков ужасен случај, само констатираме и бараме виновници, црква, училиште, што е сосема погрешен пристап. Нам, исто така, како и во Германија, нѝ е потребен систем за образование, во кој на иста маса би се нашле сите министерства, од полицијата, судството, до науката, младите, социјалната помош. Тие мора да ги дефинираат приоритетите, а ми се чини дека тоа е здравјето на нацијата. Никако да се фатиме во костец со тоа како да се намали самоуништувањето на децата и младите”, укажува Милиша.

Програмите, како што се за здравственото воспитување, за кои се зборува со години, но никако не се воведуваат, се согласуваат експертите, би можеле да помогнат во одржување на менталното здравје.

“Она што недостасува, односно во еден момент постоеше, а потоа застана, е национална стратегија за спречување на самоубиства кај децата. Можеби програмите кои би претставувале здравствена едукација, кој со години не успеавме да го воведеме во училиштата поради спорните точки на гледање, може да помогне за подобрување на менталното здравје, бидејќи тоа е дел од здравствена едукација”, вели Правобранителот Ивана Милас Клариќ, додавајќи дека за ова прашање, меѓу другото, влијае недостатокот на разговор, блискоста со родителите, не поради нивна вина, туку зарди начинот на живот, и со наставниците кои се преоптоварени со совладување на наставниот материјал.

“Многу училишта не се добро екипирани и немаат доволно персонал, како училишни психолози, на кои децата би можеле да им се доверат”, вели таа.

Самоубиство, како што е дефинирано од страна на експертите, само по себе е трагично дело поради кое доаѓа до серија на наталожени проблеми кои се случуваат во подолг временски период. Со години се зголемува бројот на деца кои имаат желба да си направат нешто лошо или навистина да се обидат да извршат самоубиство.

“Минатата година, презентирани се податоци на Институтот за јавно здравје за тоа дека во Хрватска 29 деца извршиле самоубиство. Тоа за мене е алармантен пдаток”, вели д-р Катарина Додиг Чурковиќ, психијатар специјализирана за детска и адолесцентна психијатрија.

Родители, вели таа, на прво место би требало да обрнат внимание на промена на однесувањето на детето, бидејќи тоа се менува, повлекува, не се дружи, се затвора во својата соба, нема волја за дотогашните активности, пасивно е. Во разговорот со родителите често се вели: “Би сакал/ла да ме нема. Утре да умрам. Да не се разбудам”, а родителите објаснуваат дека така зборува, бидејќи е “бунтовен, во пубертетот е, пркоси, се инаети.”

“Прво е важно да се признае себеси дека детето има проблем. Тоа не е срамота. Она што не е во ред кај нас е превенцијата. Ние ја немаме. Зборуваме за такви работи, кога ќе се случи трагедија. Децата треба да ги научиме на емпатија спрема своите врсници, отворено да зборуваме за емоции, врсничко силеџиство, депресија, за сето она што ги мачи. Кога некој со 18 години ќе крене рака на себе, тогаш никој не се чувствува добро”, вели докторката.

Виновници сме сите, рече таа. Не само родителите.

“Сите сме виновни затоа што живееме во оваа средина, сѐ набљудуваме, гледаме, но се плашиме да реагираме. Секој мисли – тоа не е моја грижа, дека некој друг ќе ја преземе одговорноста”, порачува психијатарот Додиг Чурковиќ.

loading...