Опасности од жештините | Срцев удар, намалување на шеќерот и притисокот, сончаница!

794

Високите температури предизвикуваат силни реакции на организмот, па побрзо дехидрираме, ни паѓа крвниот притисок и шеќерот, а чести се и главоболките, грчевите во мускулите и заморот. Спречете ги на време!

Летото е омилен период од годината за повеќето луѓе, но често се занемарува опасноста која доаѓа од долгите и топли летни денови, велат научниците. Според глобалната статистика, повеќе луѓе секоја година умираат од последиците на топлината, отколку, на пример како резултат на торнадата, поплавите и други природни катастрофи. Проблемот се јавува бидејќи симптомите се забележуваат премногу доцна, а би можеле да се спречат со престој во сенка, пиење вода или држење во сенка. Најранливите се децата, постарите лица и хронично болните, кои не треба да бидат изложени на директна сончева светлина.

1. Топлинска исцрпеност – Ова е првата фаза на влијанието на топлината врз телото, особено по долгиот период на изложување на директна сончева светлина. Таа се карактеризира со болка во мускулите, грчеви во стомакот, рацете и нозете, чувството на слабост и потење. За да спречите исцрпеноста да се развие во полоша состојба, бидете физички активни, одете во разладена просторија и пијте течности.

2. Топлотен удар – Ова е втората фаза на топлотната исцрпеност, која може да биде опасна и по животот. Тој се случува како резултат на комбинација на фактори: паѓање на притисокот, дехидрација, промени во крвните садови и во работата на срцето. Симптомите вклучуваат бледило и потење, забрзано отчукување на срцето, гадење, тресење на мускулите, вртоглавица, главоболка, повраќање и губење на свеста. Итно пациентот треба да се премести во ладна просторија, да му се соблече облеката, да му се натопи кожата со вода, да легне, да му се ослободат дишните патишта и да се повика лекар.

3. Паѓање на шеќерот – Луѓето со дијабетес имаат поголем ризик од влијанието на сонцето на нивото на шеќер во крвта. Ова се должи на нивната намалена способност да се потат, која влијае и на другите процеси во телото. Со самото тоа кај нив побрзо се појавуваат дехидрација и екстремни осцилации на шеќерот во крвта. Симптомите како што се треперење, бледило и чувство на слабост, се знаци на предупредување, особено ако тие се резултат на нередовни оброци. Итно измерете го шеќерот во крвта, изедете нешто и засолнете се од топлината.

топлотен удар12-001

4. Дехидратација – Водата сочинува повеќе од 70% од човечкото тело, а веќе при ниска загуба од течностите се јавуваат проблеми. Во летните месеци губењето на течности е зголемено заради потење. Блага дехидрација се дефинира како губење на 1-2% од вкупната количина течност, кај умерената дехидратација таа загуба е 5%, а во тешка дури 10%. Симптомите се главоболка, сува кожа и усни, зголемена телесна температура, забрзани отчукувања на срцето и гадење. Единствената превенција е земање на големи дози на течност, и што е најважно водата – во летните месеци околу 2,5 литри на ден, па дури и повеќе при физичката активност.

5. Паѓање на крвниот притисок – Со зголемувањето на влажноста на воздухот и зголемувањето на температурата доаѓа до брзо ширење на крвните садови. Без разлика дали станува збор за здрави луѓе или болни, паѓањето на крвниот притисок е карактеристичен за сите, а особено е опасен за луѓето со слабо срце, и луѓето со хипертензија кои веќе земаат лекови за намалување на притисокот. Симптомите вклучуваат заматен вид, тешка вртоглавица, неправилна работа на срцето, постојано чувство на жед, паѓање во несвест и краток здив. Најдобра превенција се редовните оброци со многу сол, засолнување од топлото сонце и земање на многу течности.

6. Сончаница – Исто така, една од формите на топлотен удар, се јавува како резултат на директна изложеност на главата и вратот на сонцето, а не на самата топлина. Симптомите ѝ се зголемена телесна температура, црвена кожа на лицето, брзо чукање на срцето, и краток и забрзан здив. Во благи случаи се јавува главоболка, проблеми со видот, вртоглавица и поспаност, а во потешки проширување на зениците и губење на свеста. Првата помош се ладни облоги, многу течности и целосен мрак, а ако дојде до несвест треба да се почека брза помош и пациентот да се стави да лежи на страна.

loading...