Оперирано момче со пенис долг 90 сантиметри | Фото

1446

Хорас Овити Опијо (20) од Кенија е опериран при што се намалени неговите пет килограми тешки тестиси и 90 сантиметри долгиот пенис.

Тој забележал циста на гениталиите, поради што е опериран во 2006 година, но неговиот пенис продолжи да расте и до неодамна беше долг речиси еден метар.

Поради бизарната состојба Опијо со години беше во агонија и не можеше да води нормален живот. Дури го напушти и училиштето.

loading...

Бидејќи Опијо не можеше да си дозволи операција, неуспешно се лекувал со билни препарти, а потоа неговиот сосед објави фотографии на Фејсбук.

По објавувањето на неговата приказна на Опијо му помага жената на гувернерот Оливие Рангуме. Таа веднаш испратила брза помош, при што лекарите констатирале скротална елефантизија, која може да настане од убод на комарец, кој во крвотокот може да внесе ларви, кои растат во паразити и го блокираат лимфниот систем и предизвикуваат отоци.

Лекарите извршиле две операции за намалување на тестисите и го реконструирале пенисот, за да биде функционален.

– Кога станав, бев изненаден што лесно одам. Целата тежина исчезна. Сега можам да плива, трчам, играм фудбал. Сега сум слободен, изјави Опијо.

Тој додаде дека сака да пронајде жена, но пред тоа планира да го заврши школувањето.

loading...