Оправдан е сигналот на Светска банка за неодржливоста на пензискиот фонд

352

Одамна е испратен сигнал за неодржливоста на пензискиот систем, вели Абдулменаф Беџети. Според него, слабата кондиција на пензискиот систем не е карактеристика само за Македонија, туку преставува светски тренд.

*(Ниту една партија, ниту една Влада во Република Македонија нема решение за пензискиот фонд. РЕШЕНИЕТО го имаме НИЕ. За излез од новосоздадената ситуација повеќе информации ќе добиете ако се јавите на следниот линк wvp.centar.mkd@gmail.com.)

„Тоа не е специфично и не важи само во случајот со РМ. Тоа е тренд секаде во светот, но кај нас е проблематично, затоа што ние немаме некоја стратегија како би се справиле со тоа. Сигнализирањето е добро, не дека и овде не е сигнализирано, констатирано е тоа одамна поради познатите трендови. Но, кај нас треба посебно да се назначи потребата за правење на конзистентна стратегија за консолидација на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и начините на дополнителните извори на финансирање“, рече Беџети.

loading...

Во последниот извештај на Светска банка беше нотирано дека пензискиот систем е неодржлив на среден рок и дека и покрај спроведените реформи малку веројатно е дека системот ќе може да се справи со проблемот на населението кое забрзано старее. Според Беџети, постојат два можни начини за изработка на конзистентна стратегија за надминување на проблемот.

„Со зголемување на стапката на придонесот за пензиско и инвалидско осигурување додека не се постигне зголемен зафат на бројот на вработени, и паралелно со тоа, веројатно и усогласување на таа транзициска фискална консолидација генерално од тоа што Буџетот и колку Буџетот учествува во тоа. Барем релативно тоа да биде консолидирано“, рече Беџети.

Светска банка предупреди дека во отсуство на реформи веројатно е дека ќе се случи значителен дефицит. Според очекувањата, до 2030 година дефицитот би можел да достигне 10,5 проценти од БДП, а пензискиот долг се проектира на над 40 проценти што би преставувало оптоварување за следните генерации.

Придонесот кон вториот пензиски столб, според пишувањата на Светска банка е премал за да даде принос, а високите дефицити кои ги спомнува банката, би можеле да доведат до ситуација на социјално неoдржливи пензии.

tv21.tv 1 МАРТ, 2016, Весна Јаќимовска

За излез од новосоздадената ситуација повеќе информации ќе добиете ако се јавите на следниот линк wvp.centar.mkd@gmail.com.

loading...