Општина Центар поради бучава ги казни „Бруклински“ и „Че“

966
Booking.com INT

Инспектор од општина Центар издаде решение и ги казни бистро „Бруклински“ на улица „Орце Николов“ и кафе „Че“, спроти Универзална сала. 

Bitcoin Exchange CEX.IO

Во бистрото „Бруклински“ е констатирана двојно повисока бучава од дозволената, а мерењето во двата објекта е извршено со прецизен модуларен анализатор на звук.

Граѓаните, како што информира општина Центар, се жалеа на бучавата бидејќи објектите се во станбена зона и мерењето на бучавата е извршено по 23 часот.

– Два угостителски објекти на Боемската улица 1, „Ганза“ и „Канцеларија“, и покрај неколкуте опомени од страна на инспекција на општина Центар, не го испочитуваа законскиот услов за задолжителна изработка на елаборат за заштита на животната средина. Доколку и по оваа опомена пред казна, сопствениците не ја испочитуваат законската обврска, ќе бидат санкционирани согласно позитивните законски норми, се вели во соопштението од општина Центар.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...