Оризот воопшто не ви успева?! Веројатно цело време готвите погрешно, научете еднаш засекогаш како тоа се прави

1286

Готвење ориз звучи како една од наједноставните работи кои можете да ги направите во кујната, но во реалноста, оризот ретко кој знае навистина како добро да го зготви.

Или е премногу сув или преварен, на некои секогаш им загорува, а на некои толку ќе се развари што повеќе не личи на ориз.

Еднаш научена техника на готвите, многу ќе ви значи ако често јадете ориз во вашата куќа, па престанете да ја готвите оваа намирница со “метод од око” и научете како да ги готвите тие мали бели зрнца еднаш засекогаш.

Добро познатиот рецепт вели дека на една чаша вода одат две чашиа ориз, и многу луѓе грешат веќе на првиот чекор.

Во што е финтата?

Ако ставите ладен ориз во сад со ладна вода, а потоа загревате, тешко дека ќе добиете совршен ориз.

Експертите велат дека и двете состојки треба да бидат топли и следете го овој рецепт:

1. Сув ориз тостирајте во тенџере (на суво или на малку масло) додека водата ја греете до вриење во тенџере или друг сад

2. Откако сте го тостирале оризот по една минута или две, додадете ја зовриената вода, сол, промешајте и покријте го тенџерето додека повторно не зоврие.

3. Подигнете го капакот, намалете го огинот и продолжете со варење и мешање додека вода не испари (видете го и времето за готвење наведено на пакувањето, во колку го има)

4. Исклучете го огнот кога оризот ја добива посакуваната текстура, а ако сакате посебно мек ориз, покријте го садот и оставете го оризот да стои на пареа уште пет минути – секако, без оган!

loading...