Осаменоста го оптоварува имунолошкиот систем слично како и хроничниот стрес

3546
Booking.com INT

Новите истражувања ја поврзуваат осаменоста со бројни дисфункционални имунолошки реакции, што нè упатува на заклучокот дека осаменоста е потенцијално штетна за здравјето.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Истражувачите откриле дека луѓето кои се осамени покажуваат знаци на поголема можност за активирање на латентниот (притаен) вирус херпес.

Исто така, произведуваат повеќе протеини поврзани со воспаление, како одговор на акутен стрес, отколку што се произведуваат од страна на луѓето кои се чувствуваат социјално поврзани.

Овие протеини предупредуваат на воспалението, а хроничните воспаленија се поврзуваат со многу болести, како коронарна срцева болест, дијабетес тип 2, артритис и Алцхајмерова болест, но и со кревкоста и падот на функциите во длабоката старост.

Реактивирање на латентниот вирус херпес се поврзува со стресот, што ни кажува дека осаменоста функционира како хроничен стресор, кој предизвикува слаба реакција на имунолошкиот систем.

“Јасно е што ни покажува претходното истражување – дека односите со лош квалитет се поврзани со бројни здравствени проблеми, вклучувајќи предвремена смртност и многу други форми на сериозни здравствени проблеми. А луѓе кои се осамени, секако, се чувствуваат како да се во лоша врска “, вели Лиза Jаремка, докторка на Институтот за истражување и бихевиорална медицина, на Универзитетот во Охајо и директор за истражување.

“Една од причините зошто е важно ова истражување е чекорот напред кон разбирање на тоа како осаменоста и меѓучовечките односи влијаат на општото здравје. Колку повеќе знаеме за процесот, толку е поголема веројатноста дека сакаме да се најдат начини за борба против овие негативни ефекти, а можеби и да се спречат. Ако не ги познаваме физиолошките процеси, како можете тогаш да ја промените? ” прашува Јаремка.

Резултатите се темелат на серија истражувања спроведени на две популации: првата беше група на здрави, иако со прекумерна тежина, средовечни возрасни, а другата беше група на луѓе кои преживеале рак на дојка. Истражувачите во сите истражувања за мерење на степенот на осаменоста користеле UCLA –нска скала на осаменост, прашалник кој ги проценува перцепциите на социјалната изолација и осаменост.

Јаремка ги презентираше истражувањата на годишниот состанок на Здружението за личноста и социјалната психологија (Engl. Society for Personality and Social Psychology) во Њу Орлеанс.

Истражувачите првенствено настојувале да добијат слика на однесувањето на имунолошкиот систем поврзан со самотијата, така што ја мереле количината на антитела во крвта, кои се произведени кога е активиран херпес вирусот. Учесниците беа луѓе кои завршиле лекување во период од два месеци до три години пред почетокот на истражувањето. Учествуваа 200 лица, со просечна возраст од 51 година. Нивната крв беше анализирана во присуството на антитела против Епштајн – Барр вирусот и цитомегаловирус (двата вируси се причинители за мононуклеоза).

Двата вируси се херпес вируси, кои ги заразуваат поголемиот дел од Американците. Околу половина од инфекциите не преминува во болест, но кога е едно лице заразено, вирусот останува прикриен во телото и може да се реактивира – што предизвикува зголемено ниво на антитела. Повторно, често нема симптоми, но укажува на проблеми во регулирањето во клетките на имунолошкиот систем.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...