Осаменоста е подеднакво штетна по здравјето како и дебелината

861

Едно неодамнешно истражување покажа дека осаменоста го зголемува ризикот од смрт исто колку и дебелината. 

Научниците за ова истражување извршиле анализа на 148 студии за осаменост во кои учествувале повеќе од 300.000 испитаници.

Лицата кои се изолирани имаат за педесет проценти поголем ризик од рана смрт отколку лицата кои имаат добри социјални односи.

Научниците заклучиле дека социјалната изолација, осаменоста и самотниот живот имаат значително влијание врз зголемувањето на ризикот од смрт.

loading...