Освежителна ладна салата

627

Хранлива освежителна салата …

Потребно 

  • 500 гр тестенини по желба
  • 2 пиперки (во боја)
  • 250 гр чери домати
  • 1 краставица
  • 1 мала конзерва пченка
  • 200 мл кисела павлака
  • 100 мл мајонез
  • 200 мл немасен јогурт
  • сол, бибер
  • свеж власец
  • по желба туна, пилешко месо, мисиркино месо

Подготовка

  • Тестенините сварете ги ал денте и оставете ги да се изладат.
  • За тоа време подгответе го зеленчукот. Измијте ги пиперките и чери доматите. Краставицата излупете ја и ситно исецкајте ја. Пченката исцедете ја од вишокот течност.
  • Зеленчукот додадете го во изладените тестенини.
  • За прелив измешајте ги јогуртот, павлаката и мајонезот и ова прелијте го над салатата. Полека измешајте и посипете со сецкан власец.
  • По желба може да додадете во салатата туна или сецкано пилешко или мисиркино месо.
  • Послужете ја убаво изладена.
loading...