Осум подмолни навики кои ја уништуваат мотивацијата | Престанете да се чувствате потиштено! Живнете со помош на овие совети!

1586

Да истраете во своите намисли, важно е да имате мотивација благодарение на која ќе можете полесно и побрзо да ги извршувате секојдневните задачи.

Ако мотивацијата недостасува – сè станува многу потешко и постои проблем кој е тешко да се реши.

Ние ви претставуваме осум пречки кои стојат помеѓу вас и тој погон кој ве турка понатаму.

1. Ставот дека мора да бидете совршени во она што го правите, всушност може да биде еден од најголемите пречки. Никој не сака порази, но тие се нужно искуство заради кое не треба да се чувствувате лошо.

2. Споредувањето со другите е апсолутно губење на време и силно влијае врз континуираното одложување. Луѓето кои мислат дека се “подобри од вас” ги имаат истите проблеми и предизвици, како и вие. Тревата не е позелена во дворот на некој друг.

3. Недостатокот на доверба во себеси и сопствените способности може да биде голема пречка за вашата мотивација за успехот. Имајте ја на ум крајната цел, но сепак забавувајте се по пат и дајте им шанса на своите доблести.

4. Прекумерната одговорност и обврските ја намалуваат продуктивноста, но и ѝ штетат на вашата мотивација, бидејќи често ќе се чувствувате лошо ако не постигнете сѐ. Наместо тоа – растеретете го вашиот дневен распоред и пронајдете време за надополнување на батериите.

5. Недостатокот на целите може да биде фатален. Мора да ги пронајдете своите предности и слабости и да воспоставите рамнотежа помеѓу нив. А дефинираните цели ќе ви помогнат во подобра организација и подобар квалитет на живот.

6. Скратувањето на малите задоволства, исто така, ѝ штети на мотивацијата. Својот напорен труд треба да биде награден со мали знаци на внимание: со одење на масажа, велнес, излегување, шопинг и слично. Дајте си признание со мали знаци на внимание.

7. Недостаток на спиење и одмор штетат на вашата концентрација, моќта на расудување и очекувањата кои можете да ги имате од себеси и од другите од својата околина. Спијте најмалку 7 часа, медитирајте во текот на денот и релаксирајте се пред спиење.

8. Учете и усвојувајте нови знаења и идеи секогаш кога за тоа имате можност. На успехот и напредокот им помага вашата мотивација и новите сознанија, кои се вистински погон за доаѓање до крајната цел.

loading...