Осум причини зошто не треба да правите педикир со рипчиња

3068
Fish Spa педикир Rufa Garra третман.

Педикир со рипчиња е забранет во многу делови од САД, Канада и Европа заради ризикот по здравјето и суровоста кон животните кои се користат во овие услуги, се наведува на пета.орг, страница која се залага за етички однос кон животните.

Еве осум причини заради кои рипчињата и стапалата не одат заедно.

1. Рипчињата Гара руфа, кои најчесто се користат во педикир со рипчиња, не сакаат да ја јадат вашата мртва кожа. Тие го прават тоа бидејќи тие се толку жестоко изгладнувани што би ја јаделе и човечката кожа за да преживеат.

loading...

2. Овие рипчиња најчесто можат да се најдат во Турција, Сирија, Ирак и Иран. Турската влада беше присилена да воведе законска заштита за рипчињата Гара руфа во земјата во обид за справување со претераниот риболов и нивната експлоатација.

3. Секој сопственик на кредитна картичка може да си купи рипчиња од увозници, а животинките се испорачуваат до нарачателот во мали пластични кеси со вода. Некои рипчиња не го преживуваат транспортот.

4. Кога кадите за педикир се полни со рипчиња, тие не можат да бидат доволно дезинфицирани од разните муштерии, а не постои начин ни животинките да бидат исчистени. Оние луѓе кои страдаат од габи на ноктите на нозете или од атлетски стопала често одат на педикир со рипчиња.

5. Рибите се животни – што значи дека и тие прават отпад. А тој отпад (измет) се собира во кадите за педикир.

6. Ако сакате мазни, меки и нежни стопала, ви треба камен за стругање на стопала. Рибите не се техничари за нокти – тие немаат поим на кои места вие сакате тие да се фокусираат. Оние луѓе кои нарачуваат ваков вид педикир забележале нерамна и рапава кожа онаму каде рипчињата касале длабоко за да стигнат до крвта.

Garra Rufa

7. Кадите за педикир со рипчиња се одлична плодна подлога за развој на бактерии, па дури и најмалите расекотини или ранички можат да се инфицираат во нив.

8. Се откри дека и самите рипчиња Гара руфа се носители на бактерии кои можат да предизвикаат инфекции, меѓу кои и Стрептококус агалактиеае, која може да предизвика и пневмонија и други инфекции кои се отпорни на антибиотици.

Рибите се животни со свест. Затоа побарајте си безбедна, здрава, несурова помош од луѓе специјалисти за педикир, наведува пета.орг.

loading...