Осум успешни методи за воспитување на децата

802
Booking.com INT

Секој родител сака неговото дете еден ден да биде самостојна и успешна личност. Меѓутоа иако не постои рецепт за воспитување деца, научниците тврдат дека многу работи зависат од родителите, односно од вредностите, кои на децата ќе им ги всадат во раниот период. 

Bitcoin Exchange CEX.IO

Со разни анализи експертите дошле до осум методи, кои родителите на успешните деца ги применуваат во нивното воспитување:

Децата мораат да извршуваат домашни работи

Децата кои имаат задачи и помагаат во домот учат дека работата носи резултати и дека тие самите мораат да учествуваат во одредени задачи за доброто на целото семејство.

Социјални вештини

Студијата покажала дека децата кои имаат добро развиени социјални вештини имаат поголеми шанси за добивање факултетски дипломи.

Високи очекувања

Експертите велат дека родителите треба да имаат високи очекувања од своите деца, бидејќи тоа ги наведува да бидат подобри. Студијата покажала дека 96 отсто од децата, чии родители очекувале да се запишат на факултет имале најдобри оценки на приемните испити.

Здрава врска

Студијата покажала дека децата, чии родители имаат складен брак, стануваат поуспешни поединци од оние кои доаѓаат од дисфункционални семејства.

Осум успешни методи за воспитување на децата3-001

Математика

Учењето математика на рана возраст му дава на вашето дете предност. Тоа е основата која треба да ја научи преку игра, за потоа да развива математички вештини во училиштето.

Поврзаноста со децата

Многу студии покажуваат дека првите три години од животот се мошне важни за успехот на детето. Родителите мораат да им посветат внимание на децата, да си играат со нив и да изградат здрава врска.

Без стрес

Доколку родителите се под стрес, тоа може да има негативно влијание на детето. Во денешното брзо време тешко е да се усогласат работата и семејството, но експерите наведуваат дека родителите би требало да работат на себе и помалку да се нервираат.

Вработени мајки 

Студијата покажа дека децата на вработените мајки имаат повисоко обрзование и заработуваат повеќе.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...