Осум утрински ритуали кои ќе ви го разубават секојдневието

760
Booking.com INT

За да го почнете денот како што треба, мора да бидете доследни на навиките. Ви донесуваме осум утрински ритуали кои можат да се чинат тешки, но ако цврсто се придржувате на нив, ќе видите резултати.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Рано будење
Истражувањето на навиките на успешните луѓе покажало дека 90 отсто од нив се будат пред 6 часот наутро. Ова може да звучи страшно, но колку порано легнувате навечер, толку полесно ќе се разбудите наутро.
Продуктивноста на утрото зависи од раното будење.

Почнете го денот со вежбање
Утрото е идеално време за вежбање. Мотив нека ви бидат некои успешни поединци, како Марк Зукерберг или Барак Обама, на кои утринските вежби им се неизбежни. Ако вака зафатените луѓе издвојуваат време за вежбање, тогаш тоа значи дека тоа е многу важно.

Обилен појадок
Заборавете ги житарките и дозволете си појадок богат со протеини. Колку и да сте зафатени, одвојте време за подготвување на појадок бидејќи ќе ви даде енергија потребна за почетокот на денот.

Решавање на дневните приоритети
Потивките утрински часови се време да се фокусирате на важни проекти без некој да ви пречи.

Работете на своите хобија
Кога сте на состаноци цел ден или мора да размислувате што ќе готвите за ручек, тоа што ве опушта лесно може да го пропуштите во текот на денот. Затоа успешните луѓе тоа го ставаат во утринската агенда.

Разговарајте со вашиот партнер
Навечер веројатно ќе бидете уморни од сите дневни активности и затоа посветувањето внимание на вашиот партнер треба да стане утрински ритуал.

Уживајте во тишината
Денес се живее брз живот и на луѓето им е тешко да најдат слободен момент во текот на денот со цел едноставно да уживаат во тишина. Затоа обидете се да одвоите неколку утрински моменти за контемплација: медитирање, размислувајте за нешто позитивно или едноставно заблагодарете се на сите благодети кои ги поседувате во животот.

Држете се до планот кој однапред сте го одредиле
Без оглед на тоа како ќе го поминете утрото, тоа е успешно ако се држите до планот кој сте го зацртале претходната ноќ. Секогаш е полесно кога наутро веќе имате подготвен план како да го почнете денот.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...