Откажете се од цигарите за 10 недели

324

– Доколку не знаете како да се откажете од пушењето почнете да трчате, препорачуваат експертите.

Пушачите барем четирипати во својот живот „се откажуваат“ од цигарите. Трчањето може значително да го олесни тој процес на одвикнување. Тоа го покажа истражувањето со неколку пушачи кои го прифатија предизвикот – 10 недели да трчаат по пет километри дневно. Половина од луѓето ги оставија цигарите.

Освен тоа, резултатите говорат дека ефектот е позабележителен кај оние кои трчале во друштво.

loading...

По шест месеци, луѓето кои на тој начин престанале да пушат, се уште не се вратиле на старата навика, и тврдат дека се решени никогаш повеќе да не пропушат.

loading...