Откако раскинале, сфатиле дека не можат еден без друг | Втора шанса за среќа

384

На некои луѓе им е потребно малку повеќе време за да разберат дека личноста со која тие ја прекинале врската е всушност онаа со која сакаат да го поминат остатокот од својот живот

Justin Bieber и Selena Gomez

Тие биле во врска од 2011. до 2014. година, и често прекинувале. Медиумите, Justin го поврзувале со многу модели, а Selena ја побарала среќата со музичарот на The Weeknd. Откако таа врска била раскината, двајцата одлучиле да ѝ дадат уште една шанса на нивната љубов.

Brooklyn Beckham и Chloe Moretz

Младата двојка се запознала во 2014. година, а врската ја криеле дури две години. Откако јавноста дознала за нив, тие ја прекинале, а од март оваа година повторно се шушка дека се во љубов. Иако повеќе пати се снимени како разменуваат нежност, за врската и понатаму мудро молчат.

Kate Middleton и принцот William

Омилената кралска двојка на почетокот на врската наишла на пречки. Тие почнале да се појавуваат во јавноста во 2004 година, за да ја прекинат врската во 2007. година. Сепак, по три месеци сфатиле дека не можат еден без друг. Во меѓувреме се венчале и го чекаат третото дете.

Liam Harmsworth и Miley Cyrus

Тие се вљубиле во 2009. година, на сетот на филмот “Последна песна”. 2010-та година за нив била тешка, неколку пати се скарале и се помириле, за да влезат во новата година како слободни луѓе. Сепак, во пролетта 2011. година тие се смириле и вериле, но две години подоцна повторно ја прекинале врската.
Љубовта повторно ја обновиле во 2016 година, а сега се шпекулира дека се венчале.

Kit Harington и Rose Leslie

Ѕвездите од серијата “Игра на тронови” имале во 2012. година кратка афера. Две години подоцна, им се случи вистинска љубов, а “падна” и веридба.

Megan Fox и Brian Austin Green

Популарните актери се заедно од 2004. година. Љубовта се распаднала во 2009. година, но по три години тие се вратиле еден на друг, се венчале и добиле две деца. Во 2015. година Меган поднела барање за развод, кое сèпак било повлечено, а двојката потоа добила трето дете.

Pink и Carey Hart

Пејачката и нејзиниот избраник станале пар во 2001. година, а се вериле четири години подоцна. Пред олтарот застанале во 2006. година, а само две години подоцна решиле да се разделат. По помалку од една година се вратиле еден на друг. Двојката има две деца.

Justin Timberlake и Jessica Biel

Пејачот и актерката се вљубиле во 2007. година, а по четири години решиле да раскинат. Сепак, тие наскоро се вратиле еден на друг, а на почетокот на 2012. година се венчале. Имаат синче.

loading...