Откриена е тајната на броевите 3, 6 и 9 | Видео

1842

Никола Тесла извел безброј мистериозни експерименти, а и тој самиот беше загатка.

Речиси сите генијални умови имаат одредена опсесија. Кај Никола Тесла, таа беше прилично голема!

Три пати одеше околу зградата пред да влезе во неа, ги чистеше своите чинии со 18 салфети, живееше во хотелска соба чиј број беше деллив со 3.
Сепак, вистината е многу подлабока.

“Кога би ја знаеле величественоста на боевите 3, 6 и 9, би го имале клучот на универзумот”. Никола Тесла.

Тесла ги избра овие броеви со причина. Тврдеше дека се исклучително важни. Но, никој не го слушаше.

Тој дури ги пресметал и точките на јазлите околу планетата, поврзани со броевите 3, 6 и 9.

Но, зошто токму овие броеви?

Што се обидуваше Никола Тесла да му донесе на светот?

Прво, ние мора да разбереме дека не сме ја создале математиката, ние само ја откривме. Тоа е универзален јазик и закон.

Без оглед на кој дел од универзумот се наоѓате, 1 + 2 секогаш ќе биде 3! Сè во универзумот е потчинето на овој закон!

Постои законитост што природно се среќава во универзумот, законитоста што ја откривме во животот, галаксијата, формирањето на ѕвезди, еволуцијата и речиси во сите природни системи.

Сите овие модели имаат “Златен Пресек” или “Света Геометрија”.
Тоа е навистина важен систем, на кој, очигледно, му е потчинета природата – тоа е “силата на двоен систем”, во кој моделот започнува со еден и продолжува со удвоен претходен број. Клетките и ембрионите се развиваат според оваа света шема 1, 2, 4, 8, 16, 32, 64, 128, 256 …

Некои го нарекуваат Божји план.

Математиката, според оваа аналогија, Божји отпечатокот. (Ајде да ја оставиме религијата на страна!)

Во вортексната математика (наука на креативна анатомија), постои принцип кој се повторува 1, 2, 4, 8, 7 и 5 и така натаму 1, 2, 4, 8, 7, 5, 1, 2, 4, 8, 7, 5 , 1, 2, 4 …

Како што можете да видите, 3, 6 и 9 не спаѓаат во оваа шема. Marko Roden смета дека овие броеви претставуваат вектор од третата до четвртата димензија, која тој ја нарекува “поле на текот”. Ова поле мора да биде енергија од повисоки димензии, која влијае на енергетскиот опсег на другите шест точки.

Rendi Pauell, ученик на Mark Roden, вели дека тоа е таен клуч кон слободна енергија, која Тесла ја добил.

Дозволете ми да објаснам!

Да почнеме со 1, да го помножиме со 2, добиваме 2; ако помножиме 2 со 2 – 4; кога 4 ќе го помножиме со 2 – 8; кога ќе го помножиме 8 со 2-16, што е 1 + 6 = 7; кога 16 ќе го помножиме со 2 – 32, како резултат се добива 3 + 2 еднакво на 5. Ако продолжиме да се придржуваме на истиот модел, се добива: 1, 2, 4, 8, 7, 5, 1, 2 …

Ако почнеме со 1 во обратна насока, секогаш ќе ја добиеме истата шема само во обратен редослед: половина од 1 е 0,5 (0 + 5) е еднаков на 5. Една половина од 5 е 2,5 (2 + 5) е еднакво на 7, и така натаму.

Како што самите гледате, не се спомнуваат цифрите 3, 6 и 9! Изгледа дека тие се надвор од опсегот на оваа шема.

Меѓутоа, има нешто чудно кога ќе почнете да ги множите со 2. 3 пати 2 – 6; 6 пати 2 – 12, што (1 + 2) е 3; Во оваа шема, не се спомнува бројот 9! Изгледа дека 9 е надвор од двете шеми.

Но, ако почнете да множите 9 со 2, сите производи секогаш даваат 9: 18, 36, 72, 144, 288, 576

Тоа е симбол на просветлувањето!

Ако одиме до Големата пирамида во Гиза, ќе видиме не само три големи пирамиди, кои се наоѓаат во близина една до друга, кои ја рефлектираат положбата на ѕвездите во појасот на Орион, но, истата положба се рефлектира во група од три помали пирамиди, кои се наоѓаат во непосредна близина на трите големи пирамиди.

Наоѓаме многу докази дека природата користи тројна и шесткратна симетрија, вклучувајќи ја и шестоаголната форма на обично саќе.

Овие форми постоеле во природата, и древните луѓе ги користеле во градењето на нивната сакрална архитектура.

Дали е можно дека има нешто посебно во врска со мистериозниот број три? Дали е можно дека Тесла ја открил оваа длабока тајна и го искористил тоа знаење за да ги прошири границите на науката и техниката?

Величественост на бројот 9!

Да претпоставиме дека постојат две спротивности, да ги наречеме светлина и темнина, како сакате. Тие се слични на Северниот и Јужниот магнетен пол.

Една страна е – 1, 2 и 4 Втората страна – 8, 7 и 5. На ист начин како и енергијата, сѐ во универзумот е проток помеѓу две поларни страни, како занишано нишало: 1, 2, 4, 8, 7, 5 , 1, 2 …

Сепак, со овие две страни управуваат 3 и 6; 3 управува со 1, 2 и 4, истовремено 6 управува со 8, 7 и 5.

А ако внимателно ја разгледате сликата, таа станува уште пострашна: 1 и 2 е еднакво на 3; 2 и 4 е еднакво на 6; 4 и 8 е еднакво на (1 + 2) 3; 7 и 8 е еднакво на 6; 7 и 5 на 3; 5 и 1 е еднакво на 6; 1 и 2 на 3 …

Истата слика во поширок обем – е всушност 3, 6, 3, 6, 3, 6 …

Но, дури и од овие две страни, 3 и 6 ги управува 9, што го одзема здивот.

Ако внимателно погледнете на сликата 3 и 6, ќе сфатите дека 3 и 6 е еднакво на 9, 6 и 3 е еднакво на 9, сите броеви заедно се еднакви на 9, и во двата случаи, и ако се вклучат и ако се исклучат 3 и 6!

На тој начин, 9 го означува единството на двете страни. 9 – е самиот универзум!

3, 6 и 9!

Замислете што можеме да направиме ако го примениме ова свето знаење во секојдневната наука …

“ТОЈ ДЕН, КОГА НАУКАТА ЌЕ ПОЧНЕ ДА ИЗУЧУВА НЕ САМО ФИЗИЧКИ ПОЈАВИ, ЌЕ СЕ ПОСТИГНЕ ПОГОЛЕМ ПРОГРЕС ВО ЕДНА ДЕЦЕНИЈА ОТКОЛКУ ВО СИТЕ ПРЕТХОДНИ ВЕКОВИ НА СВОЕТО ПОСТОЕЊЕ”.

НИКОЛА ТЕСЛА

econet.ru

loading...