Откриен нов човечки орган | Најголем е во телото и еве за што служи

2177
Booking.com INT

Научниците идентификувале нов човечки орган кој се “криел” од сите пред нивниот нос, а ова откритие би можело да помогне во разбирањето зошто се шири ракот во телото.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Слоевите за кои долго време се мислело дека е густо, сврзно ткиво, всушност се серија шуплини исполнети со течност која истражувачите ја нарекле “Interstitium”.

Тие шуплини се наоѓаат под кожата, го обложуваат стомакот, белите дробови, крвните садови и мускулите, а сите формираат мрежа поддржана од силни, флексибилни протеини.

Новата студија, објавена во списанието Scientific Reports, е прва која ги идентификувала овие простори колективно, како нов орган, и се обидела да ја разбере неговата функција.

Изненадувачко е, што Interstitium досега не бил забележан, и покрај тоа што е еден од најголемите органи во човечкото тело.

Тимот кој го открил овој орган укажува дека шуплините можат да се однесуваат како “апсорбери на шокот”, кои го штитат ткивото од повреда.

Dr. David Carr-Locke и Dr. Petros Benias од Mount Sinai-Beth Israel Medical Center од New York City, го откриле Interstitium-от додека го испитувале жолчниот меур на еден пациент, барајќи знаци на рак.

Ги забележале шуплините кои не се совпаднале со човечката анатомија, па побарале професионална помош од патологот од New York University Langone School of Medicine, Dr. Neil Theise.

Истражувачите сфатиле дека традиционалните методи на тестирање на човечкото ткиво го “промашиле” Interstitium-от, бидејќи фиксниот метод за собирање на медицински микроскопски слајдови вклучува проток на течноста, а со тоа и уништување на структурата на органите.

Наместо правилно да се идентификуваат шок амортизерите исполнети со течност низ целото телото, исцедените клетки се занемарени и се сметало дека тоа се слоеви на сврзното ткиво.

Научниците потоа сфатиле дека оваа структура не се наоѓа само во жолчниот канал, туку и дека опкружува многу клучни внатрешни органи. Со замрзнување на примерокот на ткивото од жолчниот канал на уште дванаесет пациенти, истражувачкиот тим успеал да ја зачува анатомијата на новооткриената структура, пренесува “Indipendent”.

Тие сфатиле дека слојот се цеди во лимфниот систем, кој е поврзан со реакцијата на имунитетот. И покрај неговата способност да ги штити органите од повреда, истражувачите откриле докази дека клетките на туморот можат да патуваат низ Interstitium-от и да влезат во лимфниот систем.

Со обезбедување проток за течноста да се движи низ телото, меѓусебно поврзаните клетки на Interstitium-от можеби го шират ракот низ телото.

Новото револуционерно откритие во човечката анатомија би можело да им овозможи на научниците да направат нови тестови за канцер.

“Ова откритие има потенцијал да доведе до драматичен напредок во медицината, вклучувајќи ја и можноста да директното собирање на интерститијалните течности стане моќна дијагностичката алатка – изјави Dr. Neil Theise.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...