ОТКРИЛЕ | Хемотерапијата го поттикнува ширењето и агресивноста на ракот?

6053

Иако хемотерапијата, по операцијата, се смета за прва линија на одбрана против ракот, една нова студија тврди дека “лекот” се чини дури и полош.

Хемотерапијата може да предизвика ширење на ракот, а заради неа ракот се враќа, поагресивен отколку што беше – заклучокот е на новото истражување на Универзитетот за медицина Алберт Ајнштајн во Њујорк. Тие тврдат дека тој третман кај пациентите со рак на дојка е само краткорочно решение, пишува Daily Mail.

Студијата сугерира дека механизмот на дејството на хемотерапијата, која ги намалува туморите, истовремено ја отвора вратата за ширење на туморот во крвотокот, заради што му олеснува тој да се врати уште поагресивен.

Ракот станува неверојатно комплициран за лекување, па дури и фатален, еднаш откако ќе се рашири на други органи, што е типично за четвртата фаза на рак.

– Ова не треба да ги обесхрабри пациентите во лекувањето, туку да нѐ поттикне да создадеме подобри начини на движење на туморите кај пациентите кои примаат хемотерапија – рече лидерот на студијата д-р George Karagiannis.

Еден од пристапите предлага укинување на хемотерапијата штом ќе се воочи зголемување на крвните маркери и да се направи операција, по што може да следи постоперативна хемотерапија – или во форма на таблети или интравенска инфузија.

Ова е прва студија која прецизира начин на ширење на ракот на дојка, но, не е прва која укажала на тоа дека хемотерапијата може да предизвика секундарен рак. Иако хемотерапија во теоријата е совршена за убивање на малигните клетки, но најчесто е потребна доза за тоа воедно и која би го убила пациентот.

Тоа е причината зошто лекарите препишуваат помали дози, што очигледно има два недостатоци – првиот е да се поттикне проширувањето, а вториот е да им овозможи на клетките на ракот да преживеат и да станат имуни на лекот и да се шират во другите органи.

Секундарниот рак е всушност код за метастазирана фаза на болеста. Несаканите дејства за кои не се зборува, за луѓето дијагностицирани со рак, хемотерапијата често може да биде полоша отколку справувањето со болеста, колку тоа да звучи страшно. Силата на токсините кои влегуваат во телото да ги убијат клетките на ракот не е без последици, кои можат екстремно да го ослабнат духот и телото.

Обично се работи за проблемите со замор, губење на косата, губење на тежината, повраќање, гадење и проблеми со меморијата. Еден од помалку познатите несакани ефекти, освен појавата на страшните афти во устата кои на болен начин спречуваат хранење, а сепак можат успешно да бидат третирани, постои и загуба на вкус.

Многу луѓе кои се подложени на хемотерапија одеднаш откриваат дека навистина не можат да уживаат во храната на начин на кој уживале претходно, односно целата храна има ист вкус, бидејќи воопшто нема вкус.

loading...