Отровот на смртоносниот пајак крие спас за милиони животи

593

Ветувачко е откритието дека отровот би можел да биде ефикасен во третманот на епилепсијата и наскоро ќе започне клиничкото испитување, изјавиле научнивците од Универзитетот во Квинсленд.

Отровот на сиднејскиот Atrax robustus, еден од најсмртоносните пајаци во светот, би можел да се користи во третман на нарушувања на нервниот систем, кој вклучува болка, епилепсија и мозочен удар, наведуваат австралиските научници.

Во својата работа, научниците од Институтот за молекуларна бионаука на Универзитетот на Квинсленд откриле дека отровот на пајаците кој посебно влијае на нервниот систем, би ја парализирал својата жртва, поефикасно од вештачките лекови за лекување на заболениот нервен систем.

loading...

Институтот од Квисленд, светски лидер во истражувањата на лекови на база на отрови, во својата колекција има повеќе од 600 отрови.

“Пауковиот отров содржи повеќе од 10 милиони различни биоактивни пептиди”, вели водечкиот научник професор Глен Кинг.

Биоактивните пептиди се протеини кои можат да имаат позитивен ефект врз функциите на телото.

“Многу е ветувачко откритието дека тој токсин би можел да биде ефикасен во лекувањето на епилепсија и наскоро ќе започне првата фаза на клиничкото испитувања”, вели King.

Овој вид е еден од ретките пајаци со потенцијално опасен угриз.

Во изјавата за The Sydney Morning Herald, King изрази надеж дека по клиничките испитувања ќе биде можно да се спречи, кај луѓе кои имале мозочен удар, оштетувањето на мозокот со препишување отров од сиднејскиот Atrax robustus.

Се верува дека мажјакот на сиднејскиот Atrax robustus од семејството Hexathelidae, предизвикал најмалку 13 смртни случаи. Не се регистрирани смртни случаи откако е пронајден противотровот 1981 година.

loading...