Официјално отворена Амбасадата на Јапонија во Скопје

859
Државниот министер за надворешни работи на Јапонија Казујуки Накане и амбасадорката Кеико Ханеда
Booking.com INT

Со изведување на церемонијата „кагами бираки“ – кршење на буре со саке како симбол на отворање кон хармонија и среќа денеска во Скопје беше официјално отворена Амбасадата на Јапонија.

Bitcoin Exchange CEX.IO

На свеченоста државниот министер за надворешни работи на Јапонија Казујуки Накане и јапонскиот амбасадор Кеико Ханеда наздравија за успешно продолжување на билатералните односи меѓу двете земји.

Јапонската амбасадорка Ханеда на отворањето рече дека отсекогаш имале одлични односи со Македонија и се заблагодари на напорите на сите кои ги унапредувале добрите односи во минатото.

– Мојот тим се состои од четири лица од Јапонија, како и осум локално вработени лица од Македонија. Сите ние сме многу посветени и млади, или барем млади во срцата, и би сакале да работиме напорно со сите страни за да ги зацврстиме и продлабочиме односите во сите сфери. Поради тоа благодарни сме на вашата континуирана поддршка и соработка, изјави Ханеда.

Јапонската амбасадорка Кеико Ханеда

Државниот министер за надворешни работи на Јапонија Накане рече дека преку отворањето на оваа амбасада би сакале и понатаму да ги развиваат пријателските билатерални односи меѓу двете земји.

– Амбасадорката Ханеда која беше назначена за прв резидентен јапонски амбасадор воедно е и првата жена јапонски амбасадор на Балканскиот Полуостров. Првиот резидентен македонски амбасадор во Јапонија е жена. Многу е охрабрувачки фактот што јапонско-македонските односи се водени и поддржани од две жени, изјави Накане.

Државниот министер за надворешни работи на Јапонија Казујуки Накане

Посочи дека како државен министер за надворешни работи на Јапонија одговорен за јапонско-македонските односи се заложува да вложи максимални напори во унапредувањето на односите меѓу двете земји.

Заменик-министерката во македонското МНР Арта Точи рече дека отворањето на Јапонската амбасада е само последното камче од мозаикот започнат пред 23 години.

– Народот на Македонија никогаш нема да ја заборави помошта од јапонскиот народ за земјотресот во 1963, осамостојувањето во 1991 или помошта за справувањето со бегалската криза. Многу сме среќни што пријателска Јапонија го исполни брзо ветувањето за повратно отворање на амбасада во Македонија, изјави Точи.

На свеченоста присуствуваа голем број гости, меѓу кои претседателот на Собранието Талат Џафери, вицепремиерот Бујар Османи, министрите за одбрана и за култура Радмила Шекеринска и Роберт Алаѓозовски, како и голем број странски амбасадори во Република Македонија, меѓу кои британскиот Чарлс Гарет, францускиот Кристијан Тимоние, холандскиот Ваутер Пломп.

Република Македонија и Јапонија воспоставија дипломатски односи во март 1994 година. Амбасадата на Република Македонија во Токио е официјално отворена во мај 2013 година, а првиот резидентен амбасадор во Јапонија Андријана Цветковиќ ги предаде акредитивните писма на јапонскиот император Акихито во декември 2014 година.

Јапонија активно ја поддржува Македонија и досега на полето на економската соработка има обезбедено 272,5 милиони евра грантови за здравство, образование и развој на локалните заедници, како и 96,89 милиони евра кредити за развој на инфраструктурата. За техничка поддршка преку програми за размена на експерти и обуки над 47,2 милиони евра и над 500 стипендии за постдипломски студии, истражувања, обуки и јакнење на капацитетите. Јапонија на Македонија и додели 4,7 милиони ерва помош за справување со бегалската криза.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...