Охридска торта

531

Кој ја пробал еднаш оваа торта, станал нејзин љубител за целиот живот …

Потребно
6 јајца
6 лажици шеќер
6 лажици брашно
1/3 од подготвениот грилјаж

За шербетот
½ лажица шеќер
1 чаша вода
2 лажици коњак

loading...

За грилјажот
400 гр шеќер
400 гр ореви

За фил 1
250 гр путер
250 гр шеќер во прав
4 жолчки

За фил 2
250 гр путер
250 гр шеќер во прав
5 јајца
2 кесички ванилин шеќер
200 гр чоколадо за готвење

Подготовка

На грилјажот
– Во сад на рингла ставете го шеќерот и топете го додека не карамелизира, пазејќи при тоа да не ви прегори. Додадете ги оревите. Оваа смеса вака врела сипете ја во навлажнета тава и оставете да се излади.

– Кога ќе се излади ставете го во аван и истолчете го. Од така добиениот грилијаж одделете 1/3 и оваа количина поделете ја на два дела.

– Одделете ги жолчките од белките. Изматете ги белките со шеќерот со миксер. Кога ќе ги изматите намалете ја брзината на миксерот и со постојано матење додавајте ги жолчките една по една во шнето од белки. Потоа додадете го и брашното и половина од 1/3 од грилијажот што го одвоивте претходно.

– Од горната смеса треба да испечете две кори. Значи половина од смесата сипете во тава претходно обложена со хартија за печење и ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени. Проверете со чепкалка за заби дали е печено тестото.

На филот 1
– Изматете ги пенасто путерот и шеќерот. Додадете ги четирите жолчки и продолжете да матите додека не добиете хомогена смеса. Додадете ја преостанатата половина од грилијажот.

– Земете една кора и попрскајте ја со претходно подготвениот шербет со коњак во него. Одозгора нанесете го филот 1.

– Одозгора ставете ја втората кора.

на филот 2:
– Изматете ги путерот и шеќерот како што направивте со филот 1. Додадете 5 жолчки и кога ќе се соединат додадете шне од 5 белки кои претходно ги измативте. Додадете истопено изладено чоколадо. Овој фил ви служи за премачкување на тортата одозгора (врз втората кора) и од страна.

– Кога убаво ќе ја премачкате тортата со филот 2, украсете ја по желба со шлаг или пак со растопено чоколадо.

loading...