Палестински Универзитет разви апликација за рана детекција на рак на дојка

1733

Палестинскиот Универзитет Ал-Кудс објави дека двајца истражувачи развија апликација со која на жените им се овозможува да откријат рак на дојка, така што ќе се фотографираат со телефон и веднаш ќе добијат резулати.

Доктор Заидоун Салах и инженер Јазид Ал Бадари развија апликација со која на жените им овозможува рана детекција на ракот на дојка со користење на мобилен телефон.

За разлика од мамограмот кој може да се користи само еднаш во две години оваа апликација на жените им овозможува проверка кога сакаат и тоа без штетни последици.

Салах истакна дека апликацијата и мамограмот „се дополнуваат“.

– Апликацијата ја тестиравме на глувци и резултатите беа одлични. Тоа не охрабри да ја тестираме на жени во здравствен дом во Витлеем, истакна Салах.

Апликацијата ја анализира фотографијата од женското тело и ги открива раните симптоми. Потоа жената ќе може да се консултира со специјалист кој ќе направи дополнителни тестови за откривање дали туморите се бенигни или не.

loading...