Паметна кацига за велосипедисти покажува кога запирате а кога вртите | Видео

655

Инженерите Еу-вен Динг и Џеф Чен дизајнираа заштитен шлем (кацига) за велосипедисти со вградени светла кои сигнализираат кога велосипедот врти или сопира. 

Кацигата Лумос победи на Beazley Designs of the Year 2016 во категоријата за „транспорт и дизајн”. Оваа кацига помага на велосипедистите и возачите да се чувствуваат послободно на заедничките патишта.

Во кацигата се наоѓаат 60 LED светла кои се наоѓаат напред, назад и од страна и светат во различни бои кои го покажуваат следното движење. Кога велосипедистот сопира, автоматски се пали црвеното светло.

Кацигата безжично е поврзана со уред кој се наоѓа на воланот на велосипедот.

Лумос ги менува и стандардните светла на велосипедот кои посебно се закачуваат, но велосипедистите често забораваат да ги стават или пак им се украдени.

Кацигата е водоотпорна па така може да се користи и кога врне. Се вклучува на само едно копче, а се спојува преку USB кое се полни. Далечинскиот управувач трае со месеци пред да се наполни повторно, а кацигата околу месец дена ако се користи 30 минути дневно.

Динг и Чен ја претставија кацигата во 2015 година, кога преку Kickstarter собираа пари за таа иновација.

loading...