Паметни за мама, силни на тато? Истражувањето открива од кого децата наследуваат поголема глава

1550

На развојот на интелигенцијата кај децата влијаат многу фактори, но прочитајте што велат истражувањата, чии хромозоми се заслужни за “добрата основа”.

Според една студија објавена на порталот Psychology Spot, интелигенцијата се наследува исклучиво од хромозомот Х, а со оглед на тоа дека жените имаат дури два Х-а, двојно се поголеми шансите дека детето ќе ги наследи токму од мајката.

Истражувањата покажуваат дека децата кои имаат повеќе наследени хромозоми на мајката, имаат малку поголем мозок, поголема глава и помало тело, додека оние со повеќе хромозоми од таткото имаат помал мозок и посилно тело.

Од друга страна, хромозомите задолжени за физичкиот развој, децата ги наследуваат од нивните татковци.

Постојат низа причини заради кои некое дете ќе ја развива посилната или послабата интелигенција, а најмногу се однесуваат на врската која родителите ја негуваат со своето дете. Емоционалната интелигенција е толку важна од првиот ден од животот на детето, што научниците тврдат дека врската на доверба, љубов и сигурност, кои мајката ги дава на новороденото бебе имаат многу силно влијание врз развојот на нивниот мозок. Со тоа дополнително го објаснуваат фактот дека бебињата од мајките наследуваат поголем мозок.

Седум години, научниците го проучувале развојот на детскиот мозок и ги доведувале во врска со начинот на однесувањето на мајките кон нив.

Децата чии мајки негувале силна емотивна врска и биле подготвени брзо и без прашање да одговорат на сите барања на своите деца – тие на возраст од 13 години имале дури 10 отсто поголем хипокампус од децата чии мајки биле на некој вид емоционална дистанца.

Хипокампусот е регион од мозокот кој игра важна улога во процесот на интеграцијата на информации од краткорочна меморија во долгорочна меморија. Хипокампусот, исто така, е задолжен за учење и подобра реакција во стресни ситуации.

Споделете со вашите пријатели … !!!

Можеби ве интересира темата која во моментов највеќе се чита: 

Позитивна мисла | Насмевка, убав збор, порака со многу топлина …

loading...