Паника во трговски центар! Се случи експлозија, има мртви, болкиран дел од градот (ФОТО + ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

3217

Експлозијата се случила во еден дел од градот каде што доаѓаат само туристи.

Во силна експлозија што го потресе трговскиот центар во главниот град на Колумбија, околу два часот наутро минатата ноќ, загинаа три жени и еден француски војник, а најмалку 11 лица се повредени! Насекаде се слушаа извици за помош, а целата земја е во шок, бидејќи во прашање е елитен дел на градот, каде доаѓаат исклучиво туристи.

Една од жртвите е французинка (23), која таму волонтирала, а за некој ден требала да се врати дома.

loading...

Другите две жртви исто така се жени.

Колумбискиот претседател Хуан Мануел Сантос го осуди нападот и вети дека одговорните ќе бидат изведени пред лицето на правдата.

Многу корисници на социјалните мрежи го изразија своето незадоволство затоа што многу странски медиуми не известуваат онака како што треба за овој терористички напад, затоа што се случил во земјата која “не е од големо значење.” Во Колумбија доаѓаат голем број на туристи, па опасноста од такви напади е зголемена.

loading...