Панична потрага на социјалните мрежи по исчезнатите во синоќешниот напад во манчестер | Видео

5739

Корисниците на социјалните мрежи помагаат денеска во очајничката потрага по лицата исчезнати по експлозијата на концерт во Манчестер, користејќи го хаштагот Мисинг Манчестер (#missinginmanchester).

Градската управа и градоначалникот Енди Барнам се меѓу многубројните корисници на Твитер кои на тој начин се обидуваат да им помогнат на луѓето кои ги бараат своите блиски или пријателите.

Меѓу исчезнатите е и 15-годишната Оливија Кемпбел, чија мајка Шарлот, вели дека нејзината ќерка присуствувала на концертот на Аријана Гранде со другарка од училиште, која била пронајдена и префрлена во болница. Оливија е исчезната, а последен пат се јавила пред почетокот на концертот.

loading...