Парацетамолот може да ја оштети плодноста на фетусот

1942

Бремените жени кои примаат парацетамол и во препорачани дози, може да му нанесат штета на полниот орган на машкото дете, но може да ја намалат и плодноста на нивните ќерки, се предупредува во ново истражување. 

Тестирајќи го дејството на таблетите на глувци, утврдено е дека кај машките бебиња било намалено нивото на тестостеронот. Истражувачите апелираат на мајките да размислат двапати пред да земат некоја таблета.

– Редуцираното ниво на тестостеронот значи дека машките органи нема да се развијат како што треба, а тоа влијае и на сексуалниот нагон. Глувците кои биле изложени на парацетамол додека биле во мајчиниот стомак не можеле да се парат на ист начин како глувците од контролната група. Нивните органи не се развиени во текот на феталниот развој и тоа може да ги следи цел живот. Тоа е загрижувачки, изјави професорот Давид Мабјерг Кристенсен од Универзитетот во Копенхаген.

loading...

Истражувачите го анализирале и влијанието врз женките глувци и утврдено е дека подоцна имале помалку јајце клетки ако на нивните мајки им бил даван парацетамол во текот на бременоста. Ова довело до неплодност кај глувците.

– Ова не значи дека никако не треба да ги пиете тие таблети, но мора да се консултирате со вашите лекари. На крај, по опасно за фетусот е кога мајката е болна, рече Кристенсен.

Утврдено е и дека машките глувци на чии мајки бил даван парацетамол имале проблем со развојот на тестисите. Машките глувци не „ги напаѓале” женките во период кога тоа природно е предвидено, немале сексуален нагон и не ја означувале својата територија. Причината за тоа било токму недостигот на тестостерони.

Студијата е објавена во научниот журнал „Репродакшн“.

loading...