Патики кои го менуваат изгледот со еден клик

251

Фирмата Шифтуеар (ShiftWear) претстави патики чиј дизајн сопственикот може сам да го промени со помош на својот паметен телефон. 

Патиките во себе имаат вградени екрани со чија помош на едноставен начин можете да го менувате нивниот изглед, пишува TechBlook.

Патиките со телефонот се поврзани со помош на Wi-Fi мрежа или Блутут врска. Корисникот преку апликација на телефонот го бира саканиот дизајн на облеката.

loading...

Се полнат со помош на стандарден полнач, а интересно е и тоа дека имаат опција за полнење во тек на одење или трчање, што значително ја олеснува нивната употреба.

Патиките се отпорни на вода и нечистотија, па корисниците нема да имаат проблем со нивното одржување.

loading...