Патот на барутот | USA го користи Krk, но не за превезување оружје?!

795

24sata во јули ексклузивно објавиле фотографии на Иљушин-76, кој на Крк слетал под маската на дипломатски лет. Од MORH и Агенциијата Alan ја признале соработката, но не и дека транспортните авиони превезуваат оружје и опрема.

Некои од гостите истрчале од апартманот, бидејќи сметаат дека започнала војна.

– “Морав да ги смирувам и објаснувам дека се во прашање само авиони“, рече Almira Brtan, изнајмувач на апартмани во близина на аеродромот Риека на островот Крк.

loading...

Авионите Иљушин-76 (Silk Way Airlines) Боинг 747-400 (Kalitta Air) и McDonnell Douglas MD-11 (Western Global Airlines) од април оваа година 14 пати транспортирале муниција и опрема, за војните што Пентагон кои ги води на Блискиот Исток.

Контролата на летање во Риека одбила да коментира за она што се транспортира со авионите, пишува Балканската мрежа за истражувачко новинарство (BIRN), но потврдуваат дека оваа година имало “многу повеќе” такви летови од вообичаено. Хрватска за транспорт на воена опрема и оружје е избрана откако САД престанале тоа да го прават преку воените бази во Германија.

– Знаете дека САД е нашиот клучен партнер и сојузник и дека многу нѝ помогнале во целиот процес на пристапување во НАТО и во ЕУ. Значи, работиме со партнерите во рамките на партнерството – рече министерот за одбрана Крстичевиќ во средата и додаде дека преку таа соработка се користи “инфраструктурата на Хрватска”. Со него во друштво била германската министерка за одбрана, која не одговорила зошто биле запрени воените летови преку воените бази во Германија.

Шефот на државната Agencije Alan Ивица Некиќ во средата уверувал дека сите стоки патуваат по законите преку Крк.

– Ги имаат сите дозволи, одат таму каде што по меѓународното право можат да одат. Не само Американците, сите наши партнери членки на НАТО, а и земјите кои не се во Алијансата, возат преку Хрватска, а тоа се случувало и пред тоа – рече Некиќ и ги отфрли обвинувањата дека станува збор за пратки за Сирија.

– Сето она што се прави, се работи по закон, и сите претпоставки кои можат да се прочитаат не се издржани – вели Некиќ.

24sata.hr

loading...