Пеглајте со алуминиумска фолија 5 пати пократко | Видео

1441
Booking.com INT

Одлично е да се има алуминиумска фолија дома, затоа што од неа можете да имате поголема корист од самото готвење и пакување сендвичи. Заштедува енергија, чисти садови, остри ножици …

Bitcoin Exchange CEX.IO

Можеби сте чуле дека некои домаќинки ставаат топки од алуминиумска фолија во машините за перење и машините за сушење алишта. А дали некогаш сте се прашале зошто го прават тоа?

Се работи за одличен трик кој го прави пеглањето многу полесно и побрзо, бидејќи облеката по перење и сушење е помека па не е толку стуткана. Всушност, топките од алуминиумската фолија помагаат при перење алиштата подобро да се вртат, а со тоа и да се исперат, а во машината за сушење запираат создавање статички електрицитет.

Некои, исто така, тврдат дека алуминиумските топки се одлична алтернатива на омекнувачот за алишта. Доволни се само две до три, а направете ги едноставно – земете парче алуминиумска фолија и направете топки со големина од тениско топче.

Еве како да искористиме алуминиумска фолија во домаќинството:

За супер брзо пеглање

Ставете парче алуминиумска фолија помеѓу навлаката и даската за пеглање, така што сјајниот дел да биде горе. Ќе ви го скрати времето на пеглање, бидејќи топлината ќе се рефлектира од фолијата и ќе ја пегла друга страна на облеката која ја пеглате. Жените кои го користат овој трик велат дека им го намалува времето за пеглање дури за пет пати – од 15 минути за една кошула, на три минути.

Погледнете го видеото, во шоуто на д-р Оз. како да го направите тоа, а ќе видите и како со алуминиумска фолија да ги наострите ножиците:

Еве како да ги наострите ножиците

Земете парче фолија, преклопете ја и пресечете со тапите ножици. Остатокот од фолијата повторно преклопете ја, и пак пресечете ја со ножиците. Повторете го ова неколку пати и ножиците повторно ќе бидат остри.

Добра е за чистење садови

Ако немате жица за триење садови , земете алуминиумска фолија. Едноставно направите од неа топка со големина која удобно ќе ви седи во рака и па со неа истријте ги садовите или некоја друга површина каде што се наоѓаат наслаги од храна и нечистотија. Исто така, е одлична за чистење скара.

За повеќе топлина од радијаторите

Зад радиаторите, особено зад оние кои се наоѓаат надворешните ѕидови (под прозорецот), поставете ја алуминиумската фолија така што сјајниот дел да е свртен кон радијаторот. На тој начин протокот на топлината ќе биде насочен кон собата и во вашиот дом ќе биде потопол.

Го подобрува Wi-Fi сигналот

Ако вашиот сигнал е слаб, посегнете по алуминиумската фолија. Земете парче, преклопете го и ставете го зад Wi-Fi антената. Сигналот ќе се одбива од фолијата и ќе доаѓа до вас.

Еве како да го направите ова:

Подобрува контакт со батеријата

Ако ослабнал федерот на кој доаѓа батеријата во некој уред и контактот е лош, земете алуминиумска фолија и ставете ја во просторот помеѓу батеријата и федерот – контактот ќе биде подобар.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...