Пет години подоцна | Што се случи со најголемите научни откритија?

856
Пренатална дијагностика

Кога научниците ќе дојдат до некое важно откритие, обично ветуваат дека неговото целосно дејство ќе можеме да го видиме за околу пет години. Годината 2017 е завршена, а порталот „Кварц“ (Quartz) се осврнува на најголемите научни откритија од 2012 година, со желба да дознае што се случило со нив во меѓувреме. Кои сознанија останаа релевантни до денес, а кои се покажаа како помалку важни или дури и неупотребливи.

Хигисовиот бозон во 2012 година

Пред пет години, физичарите кои работеа во ЦЕРН во Швајцарија, ја соопштија една од најголемите научни вести во 21. век: пронајдени се докази за постоење на Хигисовиот бозон, составен дел од стандардниот модел на физиката на елементарните честички – концепт кој опишува од што се состои Универзумот и што го држи заедно.

Белгискиот физичар Франсоа Енглер и британскиот физичар Питер Хигс го предвидоа постоењето на бозонот уште во 60-те години на минатиот век, а Нобеловата награда за ова откритие го добија во 2013 година, кога е потврдена нивната теорија,

Хигисовиот бозон пет години подоцна

Иако бозонот и понатаму претставува фасцинантно откритие, повеќе не е во центарот на научната јавност. Во големиот колајдер во ЦЕРН сега се бараат докази за постоењето на други видови честички кои се вклопуваат во стандрадниот модел или барем оние кои ќе ги потресат. Тим истражувачи од Унгарија во 2016 година пронајде ЛХЦ мрачен фотон, со кој би можел да се објасни огромното пространство на темна материја од која е создаден Универзумот. Сепак, дел од научната јавност се сомнева во исправноста на овие податоци.

Во последните неколку години вниманието на физичарите претежно е насочено кон гравитациските бранови. Докази за нивното постоење првпат се пронајдени во 2016 година и со тоа во голема мера е потврдена Теоријата на релативитет на Ајнштајн. Научниците оттогаш уште двапати пронајдоа докази. Во 2017 година забележан е и судар на неутронски ѕвезди, што отвори сосема поинаков пат за проучување на Универзумот.

Криспр техника на измена на генетскиот материјал во 2012 

Во 2012 година биолозите по пат на експеримент на бактериите остварија еден од најголемите генетички пробиви во последните 20 години. Во прашање е примената на системот Криспр-Кас9, некој вид биолошки ножици со кои се „сечат“ одредени делови на ДНК и по желба се заменуваат со други.

Во тоа време, барањето за издавање на овој патент го преработија истражувачите од Универзитетот Калифорнија – Беркли, малку порано пред тоа да го направат научниците од Технолошкиот институт во Масачусетс во соработка со Броад институтот на Харвард. Сепак патентот е доделен на Броад институтот. Законската битка помеѓу овие две страни од тогаш не се намалува.

Криспр техниката пет години подоцна

Криспр и натаму останува едно од најпопуларните достигнувања на полето на науката. Од 2012 година научниците по пат на оваа техника спроведоа голем низ најразлични можни експерименти, од подобрување на храната и модифицирање на лабораториските животни, до искоренување на болести во човековите ембриони во лабораториски услови.

Пренатална дијагностика во 2012 година

До 2011 година единствен начин да дознаете дали кај фетусот постои одреден генетски дефект беше ставање игла во стомакот на бремената жена и земање амниотска течност во која се наоѓа фетусот. Ова процедура беше далеку од иделана, со оглед на тоа што може да предизвика пометнување.

Научниците во меѓувреме сфатија дека делови од ДНК материјалот на фетусот можат да се пронајдат и во крвта на мајката и во теоријата, по пат на анализа би можеле да се откријата генетските дефекти на фетусот. Во 2012 и во 2013 година таквите тестови почнаа да се воведуваат во комерцијална продажба (првобитните тестови можеа да откријат само постоење на Даунов синдром, состојба карактеристична за мутацијата на 21-от хромозом).

Пренаталната дијагностика пет години подоцна

Пренаталното тестирање и натаму е една од опциите за родителите со одреден генетски дефект, кои не сакаат да ја пренесат својата болест на своето потомство. Сепак, се случувало резултатите да бидат лажно позитивни, што доведуваше до непотребни абортуси. Анализата од 2015 година покажа дека тестовите во четири од пет случаи лажно покажувале постоење на тризомија на хромозомот 13 (Патауов синдром), кој предизвикува смрт на новороденчето веднаш по раѓањето.

Тука има и прашања од етичка природа. Пренаталните тестирања на Исланд доведоа до драстично намалување на стапката на родени деца со Даунов синдром, додека американската сојузна држава Охајо забрани абортус во случај плодот да има генетски дефект.

ХНА во 2012 година

Целиот живот на Земјата се состои од еден или два ланци на генетски материјал, кој секогаш е комбинација на некој облик на шеќер и нуклеински киселини и доаѓа во облик на РНК или ДНК. На почетокот од 21 век, научниците мислеа дека можат малку да ги раздвижат работите во природата така што нуклеинските киселини ги споија со други видови шеќер, што би значело создавање на целосно нов тип на ДНК. Резултатот е „ксенонуклеинска киселина“ (ХНА), која се состои од нуклеински киселини и шеќер произведени во лабораториски услови.

Истражувањето на Универзитетот во Аризона од 2012 година покажа дека ХНА би можела да еволуира така што еден ден би можела да пренесува информации, како што тоа го прави биолошко генетската материја. Ова истражување отвори пат на бројните експерименти поврзани со создавањето на синтетички живот. Се развија и теории дека ХНА би можела приближно да покаже како би изгледал вонземскиот живот на други планети или да придонесе за создавање на нови биолошки лекови.

ХНА пет години подоцна

И покрај тоа што научниците кои ги спроведоа иницијалните истражувања поврзани со ХНА продолжија да го расчистуваат патот со понатамошни експерименти на оваа поле (вклучително нови синтетички техники), ова технологија се уште нема излезено од лабораториите.

Контрацептивна таблета за мажи во 2012 година

Во 2012 година научниците тврдеа дека само „што не измислиле“ контрацептивно средство за мажи. Научниците открија супстанца која се покажа ефикасна во рамките на тестирање на глувци, а која не го намали нивното либидо, што беше една од честите последици кои се појавуваа во претходните експерименти.

Контрацептивна таблета за мажи пет години подоцна

Иако клиничките истражувања ветуваа резултати, понатамошното експериментирање беше стопирано поради штетните нуспојави (слични како кај жените), како и поради фактот дека ниту една поголема фармацевтска компанија не сакаше да обезбеди финансиски средства за тоа.

Вонземјани во 2012 година 

Пред пет години се чинеше дека само што не е откриен воземски облик на живот. На почетокот од 2012 година астрономите со телескопот Кеплер открија повеќе од 800 планети надвор од Сончевиот систем, а првата беше отриена во 1995 година. Во тој момент изгледаше дака има големи шанси на некоја од нив да има соодветни услови за развој на живот.

Вонземјани пет години подоцна 

Оттогаш откриени се илјадници егзопланети, а Кеплер во 2014 година ја забележа првата планета на која би можело да има услови за живот. Научниците во 2017 година соопштија дека пронашле уште неколку планети и цел соларен систем во кој би можело да има живот. Сепак, до денес не е пронајдена никаква трага за постоење на вонземјани.

Интрерфејс помеѓу мозокот и компјутерот во 2012 година

Истражувачите од Универзитетот Браун (БЦИ) во 2012 година соопштија дека двајца пациенти благодарение на специјално дизајнираната роботска рака, успеале со моќта на умот да кренат филџан кафе. Тоа беше првпат пациент со помош на интерфејс помеѓу мозокот и компјутерот да успее да го придвижи простетичкиот екстремитет во три димензии.

Првобитните итерации на овој тип интерфејс беа прилично едноставни. Екстремитетите не беа многу движечки, поради тоа што алгоритамот, кој беше задолжен за спроведување на електричните импулси во простетичките движења, користеа внес само од одредени делови на мозокот. Посложените движења бараа посложени неуронски сигнали.

Интрерфејс помеѓу мозокот и компјутерот пет години подоцна

БЦИ технологијата денес овозможува движење на простетичките екстремитети со 26 зглобови, кои ги производоа истражуваќите од Универзитетот „Џон Хопкинс“ во Мериленд. Поголемиот број зглобови можно е посебно да се придвижуваат, што овозможува попрецизни движења, а со целиот процес управува умот на пациентот. Екстремитетите исто така овозможуваат чувство на допир и притисок, што доведува до пофлуидни движења.

Компјутеризирани очила во 2012 година

Во 2012 година компанијата „Гугл“ беше убедена дека следниот нов технолошки пробив ќе биде врзан за компјутеризираните очила за виртуелна реалност. Сепак тие прилично згрешија, Овој производ набрзо во Силициумска долина стана предмет на потсмев, а во 2015 година компанијата „Алфабет“ на „Гугл“ одлучи да ги повлече очилата од пазарот иако тие и натаму се достапни за продажба.

Компјутеризирани очила пет години подоцна

По неколку надградби на старите модели, се чини дека проектот набрзо нема повторно да заживее. Компанијата „Снапчет“ се обиде да го оживее овој концепт во 2016 година, создавање на очила за користење на истоимена апликација без употреба на мобилен телефон, но исто така без успех.

Лекови за превенција од ХИВ во 2012 година

Американската Управа за храна и лекови во 2012 година одобри револуционерна предекспозицонистичка профилактичка терапија (ПрЕП). Лекот, кој се продава под името „Трувада“, требаше да биде земан заедно со другите антиретровирални лекови.

Лекови за превенција од ХИВ пет години подоцна

Во последните пет години статистиката покажа дека овој вид третман е успешен во 99 отсто од случаите. Се чини дека ПрЕП беше “погодок во метата”. Во 2015 година исто така благодарение на оваа метода, бројот на новозаразени случаи со ХИВ драстично почна да паѓа. Два милиони нови лица беа ХИВ позитивни додека пред 20 години нивниот број изнесуваше 3,5 милиони. Најголемиот број нови сличаи регистрирани се во јужниот дел од Африка.

Кварц – Њујорк

loading...