Пет клучни настани во 2018 година

665

За земјите од Западен Валкан 2018 година е година на можности.

Стратегијата за проширување на Европската комисија, Самитот на ЕУ и земјите од Западен Балкан, бугарското и австриското претседавање со ЕУ, Самитот на Берлинскиот процес во Лондон и решавањето на спорот во врска со името меѓу Македонија и Грција, се петте клучни настани што треба да се очекуваат во 2018 година.

Годината што измина донесе и некои и тоа колку потребни добри вести за земјите од Западен Балкан.

Евроскептиците загубија на изборите во Австрија, Холандија и Франција и не успеаја да забележат значителен успех во Германија, додека на Западниот Балкан, промената на власта во Македонија донесе нова динамика по една деценија демократско назадување и стагнација на европскиот пат.

Самата ЕУ го препозна значењето на тој момент и им даде надеж на земјите од Западен Балкан со промена на наративот, што можеше да се слушне во септември во говорот на претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер дека мора да постои „кредибилна перспектива за проширување“ за Западниот Балкан.

Годината пред нас се смета дека е од голема важност за проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан, а очекувањата се многу поголеми отколку пред една година.

Стратегијата на Европската комисија за успешна интеграција на Западниот Балкан, која би требало да биде претставена на 6 февруари 2018 година, најверојатно ќе ги опфати сите земји во регионот.

И во ЕУ и во земјите од Западен Балкан доминира чувството дека бугарското претседавање со Советот на ЕУ претставува шанса „западнобалканската шесторка“ да тргне напред во своите одвоени пристапни процеси и да оствари значителен напредок.

Бугарија веќе ја најави својата амбиција да ја интензивира евроитеграцијата на „западнобалканската шесторка“, што ќе биде еден од нејзините приоритети во претседавањето со ЕУ во првите шест месеци од 2018 година.

Софија во мај ќе биде домаќин на Самитот на ЕУ и западнобалканските земји, што аналитичарите го оценуваат како позитивен знак дека Бугарија сака да има активна улога во промоција на зачленувањето на нејзините соседи во Унијата.

Австрија треба да го преземе претседавањето со Советот на ЕУ на 1 јули и без разлика на преокупираноста со дебатата за Брегзитот и новиот буцет на ЕУ, аналитичарите сметаат дека на агендата на Виена ќе биде и Западниот Балкан.

Австрија тардиционално е многу заинтересирана за Западениот Балкан и и дава поддршка на интеграцијата на регионот во ЕУ, па се очекува позитивни влијание врз европската перспектива на „западнобалканската шесторка“.

Самитот на Берлинскиот процес во Лондон во јули е уште еден клучен настан, кој укажува дека иако сака да ја напушти ЕУ, Велика Британија не сака да ја напушти Европа и светот.

Исто така, спорот меѓу Грција и Македонија околу името би можело да добие свој епилог токму во 2018 година.

Јуропиан Вестерн Балканс – Брисел/МИА

loading...