Пет митови за исхраната на децата

2885
Booking.com INT

Диана Хес, експерт за детска дебелина и директорка на Грамерси педијатрија, разби неколку најчести митови, кои придонесуваат за зголемување на телесната тежина кај децата.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Според податоците на Центарот за контрола и превенција на болести, стапката на дебелина кај децата во изминатите 30 години двојно е зголемена. Многу родители не се сигурни зошто нивните деца не можат да престанат да добиваат на тежина, дури и покрај редуцираната исхрана.

Во последно време на пазарот се појавија голем број прехранбени компании, кои ги рекламираат своите здрави производи, кои всушност и не се толку здрави и можат да доведат до зголемување на телесната тежина.

Мит број 1 | Храната на која има ознака „диетално“, „без глутен“ и „органска“ е вистинскиот избор

Декларацијата на намирниците може да ве наведе да поверувате дека јадете здрава хјрана. Но би требало да обрнете внимание и на другите состојки, како што се натриум, вештачки засладувач, како и хранливите вредности и калории.

Мит број 2 | Џусот е здрав пијалак за децата

Многу родители веруваат дека доколку овошјето е здраво, истото важи и за овошните сокови. Меѓутоа висококалоричните овошни пилајаци, преполни со шеќер можат да доведат до дебелеење.

Пет митови за исхраната на децата

Мит број 3 | Житарките се здрав избор за почеток на денот

Цералиите се вкусни и се брз начин на исхрана кога детето брза на училиште. Но бидете внимателни, бидејќи повеќето купени житарки содржат повеќе шеќери од стандардниот десерт.

Мит број 4 | Лебот од цело зрно е здрав леб

Постојат мали разлики меѓу белиот леб и оној од цели зрна. Имено двата леба содржат високо ниво на гликоза, која веднаш влегува во крвотокот. Тоа не само што предизвикува дебелеење, туку може да доведе и до сериозни здравствени заболувања, како на пример дијабетис.

Мит број 5 | Замрзнатиот јогурт е здрав десерт

Замрзнатиот јогурт можеби е поздрава алтернатива од сладоледот, но тоа не значи дека е најдобар избор. Иако повеќето смрзнати јогурти содржат мал процент млечни маст, тие и натаму имаат повеќе калории отколку што можете да замислите.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...