Пет одлични дестинации, кои туристите се уште не ги откриле

842

Голем број луѓе со задоволство би уживале во најпознатите сцени на туристичките дестинации во светот, но оние кои сакаат самотија таму ќе се соочат до еден проблем: премногу луѓе.

Следува листа на многу убави места, каде нема да наидете на многу луѓе.

Folegandros, Greece

Мали бели куќички со градини полни со цвеќе, многу убави плажи и море од кое не сакате да излезете. Описот одговара на познатиот Санторини, но станува збор за местото Фолеграндос, кое личи на Санторини, со една голема предност. Таму нема многу народ.

loading...

Svalbard, Norway

Во последните неколку години, Исланд е многу популарна туристичка дестинација, но вие посетете го норвешкот архипелаг Свалбард ако сакате самотија. Во прашање е голема група острови меѓу Норвешка и Северниот пол. Патот до нив не е лесен, затоа што не постои никаква официјална сообраќајна линија, но кога конечно ќе дојдете на ова место, друштво ќе ви прават само неколку туристи, поларните мечки, ирвасите и арктичките лисици.

Giethoorn Netherlands

Величенственото село ,кое туристите го нарекуваат „Венеција на Холандија“, се наоѓа само час и половина возење од Амстердам, сместено на канали, па најдобро е движење со мали електрични бротчиња. Секако со оглед на тоа дека станува збор за Холандија и велосипед е мошне добра опција.

Maribor, Slovenia

Добрата стара Европа секогаш ќе има Париз, Рим, Лондон и други важни градови. Но постојат интересни градови, кои секогаш се „во втор план“, а еден од нив е и вториот најголем словенечки град, Марибор. Тој е идеален за релаксирање, прошетка по стариот град и по брегот на реката Драва, а најдобро е да се посети во јуни за време на ЛЕНТ фестивалот.

Meknes, Morocco

Мароко веќе долго време е популарна дестинација, но туристите воглавно ги посетуват Фез и Маракеш. Градот Мекнес, кој е заштитен од УНЕСКО, секогаш е споредна дестинација и ретко кој го посетува. Во него се наоѓа мавзолејот на Исмаил, познатата порта на градот Боб Мансур, а во близина се и урнатините од римско време, кои исто така се заштитени од УНЕСКО.

loading...