Пет техники за спречување на манипулацијата кај децата

2916

Децата се мајстори на манипулација. Тие го користат нивниот шарм, ги свртуваат возрасните едни против други и го користат гласното плачење во јавност. Затоа ваша работа е да бидете во чекор со нив, порача Кевин Золман, коавтор на книгата „Водич за родители од теоретичари за игри“.

Следуваат неколку совети од книгата:

Наметнете им соработка

За браќата и сестрите кои одбиваат да работат заедно, Золман ја препорачува дилемата на затвореникот. Дадете им заедничка задача, а потоа и на двајцата дадете им иста награда или казна, според резултатите. Ако едно дете не работи, следниот пат тоа другото ќе одбие да соработува и двајцата ќе бидат во неволја. Така со текот на времето децата ќе научат што е тимска работа.

Нека платат за привилегиите

Во некои ситуации едноставно не можат сите деца да добиваат еднакво и морате да прибегнете кон соломонско решение. Кој ќе добие поголема соба или чест да му даде име на домашното животно? За ваквите привилегии нека платат со дополнителни домашни задачи или со својот џепарлак.

Користете закани, но остварливи

Нема да ги заплашите викајќи им дека ќе го свртите автомобилот и ќе ги вратите дома. Золман тоа го нарекува закана без покритие. Децата можат да го прочитаат вашето блефирање, бидејќи знаат дека не сакате да страдате и самите поради нивните грешки. Затоа избирајте казни кои ви бидат од корист. „Престани да ја тепаш сестрати или ќе одиме кај баба ти наместо во кино“.

Пет техники за спречување на манипулацијата кај децата

Поттикнете ги да лажат, за да ги фатите во лага

Ако се сомневате дека децата не ја работат домашната задача, притиснете ги со избрани прашања: По кој предмет? Што научи? Колку време ти требаше? Што ти беше најтешко? Дури и ако успеат да се извлечат со убедливи одговори, ќе им предизвикате психолошка непријатност. На крајот ќе разберат дека е многу подобро да се биде искрен.

Не им притрчувајте на помош

Воздржете се од нагонот да влезете кога ќе им биде тешко. Имајте го предвид она што економистите го нарекуваат морален ризик. Кога државата спасува корпорација во криза, таа всушност поттикнува лошо работно однесување, а тоа истото го прават и родителите, кои ги вадат децата од сосот кои сами го подготвиле. Наместо тоа, направете јасни правила и  казни кога е потребно.

loading...