Печена пченка со свежи зачини

1786

Потребно

  • 115 гр несолен путер, на собна температура
  • 3 лажици ситно сецкан свеж магдонос
  • 1 лажица ситно сецкан свеж власец
  • 1/2 лажиче ситно сецкана мајчина душичка
  • 2 чешниња лук, истолчени
  • 1 лажица сок од лимон
  • 1/4 лажиче сол

Roasted corn with fresh spices-001

Подготовка

  • Во еден сад помешајте ги сите зачини со путерот. Измешајте убаво додека не добиете хомогена смеса.
  • Земете поголема пластична фолија и во средината сипете ја смесата со путер и со помош на фолијата обликувајте ја како ролат. Ставете ја во фрижидер да се стегне убаво.
  • Класовите пченка можете да ги сварите или пак да ги испечете на скара.
  • Изладениот путер исечете го на парчиња и со нив премачкајте ги врелите пченки.
  • Послужете ги топли.
loading...