Печени црвени пиперки во тегла (зимница)

1596

Време е на подготовка на зимница: кисели пиперки, печени пиперки, пасирани домати, ајвар…

Потребно  

  • 10 кг црвени меснати пиперки за ајвар

За пресолот 

  • 250 мл масло
  • 500 мл алкохолен оцет
  • 120 гр шеќер
  • 70 гр сол
  • 15-тина зрна бибер
  • 15-тина чешниња лук
  • 1 китка магдонос

Подготовка

  • Сите состојки за преливот ставете ги да провријат. Откако почне да врие оставете го уште 5 минути.
  • Пиперките измијте ги, извадете им ги семките и ставете ги во пресолот да се варат 8-10 минути.
  • Во врели тегли наредете еден ред пиперки и притиснете ги. Потоа посипете малку од преливот и ставете од сецканиот лук и магдонос и зрната бибер.
  • Повторно ставете пипеки, притиснете и така додека не ја наполните целата тегла. Дополнете ја теглата со пресолот.
  • Уште додека се врели затворете ги убаво со чисти капаци.
loading...