Пивото е добро за срцето, обилува со антиоксиданси и го намалува стресот

4080

Пиејќи пиво во организмот внесуваме повеќе хранливи материи од колку што мислиме.

Истражувањата поврзани со умерено конзумирање на пиво покажуваат дека пивото е добро за срцето и коските, го намалува ризикот од дијабетис и го подобрува психолошкото и конгитивното здравје.

Пивото е еден од најпопуларните и најстари алкохолни пијалаци кои многумина го сметаат за течна храна.

Главната состојка на пивото е хмељот кој изобилува со антиоксиданси, кои се одговорни за одржување на мускулната маса и забрзување на метаболизмот. Освен тоа, пивото изобилува и со калциум, железо, магнезиум, фосфор, калиум, натриум, цинк, бакар, манган и силициум. Пивото е важно и за раст и развој на коските и сврзното ткиво.

Неколку студии покажале дека умерена конзумација на пиво го намалува ризикот од дијабетес тип 2 за дури 30 отсто. Меѓутоа, овој случај се уште се проучува.

Освен тоа, пивото го подобрува психолошкото и когнитивното здравје, а студиите откриваат дека може да ги намали и стресот и нервозите.