Пиперки во павлака

527

Подгответе го овој традиционален старински рецепт и нема да се покаете …

Потребно 

  • жолти мали пиперки бабури (количината на пиперките зависи од вашите потреби и желби)
  • солена вода
  • полномасна павлака

Подготовка

    • Пиперките измијте ги убаво и извадете им ги семките.
    • Во еден подлабок сад ставете вода и убаво посолете ја. Ставете ги пиперките и поклопете го садот. Оставете ги да стојат во солената вода една недела.
    • Потоа извадете ги од водата, убаво исцедете ги и почнете да ги полните со павлака.
    • Наполнетите пиперки наредете ги во пластична кутија една до друга. Кога ќе наредите еден цел ред со пиперки, премачкајте ги одозгора убаво со павлака и почнете да го редите вториот ред со пиперки. Повторувајте ја истата постапка додека не ја наполните кутијата.
    • На крај повторно премачкајте со павлака и затворете го садот. Оставете ги на топло место да стојат 2-3 дена. Од време на време отварајте го садот и истурете ја водата што ќе ја пуштат пиперките.
    • По три дена пластичната кутија со готовите пиперки ставете ја во фрижидер и служете ги полнетите пиперки со павлака.

loading...