Пиперки полнети со пченица (посно)

1119

Потребно 

  • 8 пиперки бабури
  • 200 гр печурки буковка
  • 500 гр пченица
  • 3 чешниња лук
  • 100 гр домати
  • 300 гр праз
  • 1/2 лажиче мелена црвена пиперка
  • босилек

Подготовка

  • Ситно исецкајте ги празот и буковките, а доматите исецкајте ги на коцки.
  • Сварете ја пченицата и сомелете ја.
  • На малку водичка издинстајте го сецканиот лук и додадате ја мелената црвена пиперка.
  • Во ова додадете ја сомелената пченица, малку босилек и зачини по вкус. Со оваа смеса наполнете ги пиперките.
  • Наредете ги во тава обложена со хартија за печење, покријте ги со фолија и ставете да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени 30-ина минути.
loading...