Пиперки полнети со туна (посно)

239

Како наш предлог за денешното посно јадење се овие пиперки полнети на малку поинаков начин …

Потребно
4 бабури или меснати црвени пиперки
1 конзерва туна
2 зрели домати (може и пире од домати)
1 помал компир
средината од 1 кришка леб
1 поголема главица кромид
2-3 чешниња лук
1/2 корен целер
1/2 чаша (од 200 мл) масло
оригано
сол, бибер

Подготовка
– Пиперките измијте ги, исушете ги и отсечете им го горниот дел кај дршката. Исчистете им ги семките.

loading...

– Во еден сад ставете ги лебот, ситно сецканите кромид и лук, излупените и исецкани на коцки домати, изренданиот корен од целер, туната и зачините. Измешајте убаво да добиете хомогена смеса.

– Со подготвената смеса наполнете ги пиперките. Отворите затворете ги со тркалца од компир. Наредете ги во огноотпорна тава и испрскајте ги со мешавина на масло со вода.

– Ставете да се печат во загреана рерна на 180 целзиусови степени 15-20 минути.

– Послужете ги како топло јадење или пак како ладно предјадење.

loading...