Писмо до мојот поранешен | Се надевам дека никогаш повеќе нема да се сретнеме

4327

Во нова сум врска, подобра врска. Тој ме потсетува на тебе. Ме потсетува дека тој е сѐ што ти не си. Тој е страстен, трпелив и полн разбирање. Тој се грижи за мене.

Покажува интерес за моите сестри, сака да вечера со моите родители. Не се обидува да ме држи подалеку од своите пријатели, не ги исмејува оние важните делови на мојата личност. Тој сака да биде дел од мојот живот и сака со мене да создаде заеднички.

Се сеќавам како околу тебе одев по стакло. И кога се обидов да те задоволам никогаш не ти беше доволно. Отсекогаш, према тебе, можев да направам поинаку, подобро. Можев да бидам послаба, помалку вклучена во својата вера, помалку “вкоренета” во нашиот однос.

Јас не мислам дека ти си лоша личност, но не си вистинската личност за мене. И Бог знае дека не сум вистинската за тебе, но тоа не ме спречи во моите обиди да станам. Бевме отровни еден за друг, дури сега тоа го знам. И иако се надевам дека еден ден целосно ќе те заборавам, јасно ми е дека турбулентната година зад нас е најдоброто нешто што можело да ни се случи. Сите добри и сите лоши денови – сето тоа беше една голема лекција.

Можеби платив висока цена, но поради тебе научив толку многу што може слободно да се каже дека секоја моја пролеана солза имаше смисла.

Мислам дека сега целосно сум те избришала од мојот живот. Едноставно те блокирав, те отстранив. Јас не те мразам, затоа што каде има омраза, има и страст. Она што јас чувствувам се вика рамнодушност. Не ми е гајле како ти е на работа, како ги поминуваш твоите ноќи. Престанав да се прашувам дали некогаш ќе налетам на тебе во град, а сите твои “омилени нешта” ми станаа само обични нешта.

Се прашуваш која е поентата на сето ова? Иако сум рамнодушна према тебе, не сум рамнодушна према она што ми направи. Сѐ уште чувствувам последици од турбулентната година, горчлив вкус на токсичната врска која ја имавме. И покрај тоа што отровот веќе не тече во моите вени, несаканите ефекти понекогаш се појавуваат. Несигурност и недоверба. Страв од отфлање, страв дека и тој ќе ме замени со некоја подобра.

Па, знаеш ли што помага во такви ситуации? Знаејќи дека мојот нов дечко, воедно е и мој пријател. Всушност, тој е тоа веќе подолго време. Мислам дека пријателство е кариката која нам ни недостасуваше. Пријателите не осудуваат, не се себични. Тие сакаат едни на други сѐ најдобро. Ти сакаше најдобро за себе и со тоа јасно стави до знаење дека тоа не се подразбира за мене. Но, ме подвелкуваше.

Ме натера да поверувам во нашата бајка и дека истата е можна, ако правам она што ти сакаш. Ако се откажам од својата вера, ако го занемарам своето семејство, ако те ставам тебе на врв на листата на моите приоритети. Дали ние се сакавме? На нашиот помалку пореметен начин – да. Но, тоа не беше вистинска љубов. Вистинската љубов ја препознава жртвата. Вистинската љубов мисли на другата страна.

Добрите работи доаѓаат на оние кои чекаат. Мило ми е што чекав, што ѝ верував на мојата интуиција. Мило ми е што не сум ги следела соништата кои никогаш не биле мои. Се надевам дека си среќен, дека си во ред, но се надевам, подеднакво, дека никогаш нема да се сретнеме.

loading...