Писмо на измамена девојка | “Ти благодарам што ме научи што е лојалност!”

1622

Писмото на една измамена девојка со молскавична брзина се чита по интернетот и социјалните мрежи. Прочитајте го внимателно, затоа што сигурно ќе се пронајдете во следниве редови.

“Дозволете ми да го започнам ова писмо со реченицата “Жал ми е”. Жал ми е затоа што одлучи да тргнеш по стапките на своето семејство и пријателите, но, најмногу ми е жал што не бев сигурна дека никогаш нема да го сториш тоа. Жал ми е што мамеше, тоа едноставно не личи на тебе. Тоа можеби би го очекувала од некој друг, но од тебе секако не.

Жал ми е што дознав дека ме мамиш. Посакувам никогаш тоа да не сум го дознала, но животот понекогаш е кучка. Бев подготвена да преминам преку сѐ. Жал ми е што одлучи шест прекрасни години само така да ги фрлиш во вода, заради неа.

Постојат неколку прашања, кои би ти ги поставила во моментот, но знам дека сигурно би останала без одговор, па така нема ни да се обидам.

Да речеме, што те натерало на измама? Дали не сум била доволно добра за тебе? Дали станува збор за секс? Дали навистина мислеше дека нема да дознам за неа? Дали се сеќаваш на ветувањето дека ќе бидеш со мене и во болест и во здравје, и во добро и во лошо? Веројатно не. Ако тоа беше така, немаше да дојдеш во искушение да бакнуваш некоја друга и да ѝ кажеш сè она што и мене ми го кажуваше.

Зошто мислиш дека ова што го направи не е мамење?

Како тогаш ја нарекуваш врската со две жени во исто време и сега, што да правам со прстенот?

Да, има тука и моја вина, сигурна сум. Не се обидувам да се претставам како невина жртва во целата приказна, но овој пат ти сѐ измеша, дефинитивно. Кога забележав дека нашиот однос се промени и дека води кон пропаст, ти дадов време да размислиш и да ја исчистиш главата. Но, ниту на крај на памет не ми беше дека всушност цело време ме мамиш.

Ми олесна кога рече: “Ќе биде сѐ во ред, ќе ја поминеме оваа криза, како и сите проблеми кои сме ги имале досега.” Замисли го моето изненадување кога дознав дека всушност сѐ повеќе нѐ влечеш кон дното. Се прашував тогаш: Дали таа жена воопшто знае дека ќе се жениш следната година?

Јас не се каам за ништо. Научив многу преку ова искуство кое си ми го приредил, па ти се заблагодарувам за тоа. Ти благодарам и на тоа што ме научи да бидам многу посилна и поиздржлива, и покрај постојаното лажење.

Ти благодарам на сите убави заеднички моменти, на прекрасните спомени … Ти благодарам за тоа што беше мојот најдобар пријател и што ме научи што е лојалност …”

loading...