Пита со боровинки | Вкусна виолетова пита

326

Пита со боровинки. Вкусна виолетова пита …

Потребно

За тестото

  • 100 гр шеќер
  • 400 гр остро брашно
  • 1 прашок за пециво
  • 200 гр путер
  • 2 жолчки
  • прстофат сол
  • изрендана кора од лимон
  • 2 лажици кисела павлака

За филот

  • 500 гр боровинки
  • 2 лажици кафеав шеќер
  • сок од 1 лимон
  • 2 лажици нишесте

Подготовка

  • Боровинките ставете ге во еден сад и додадете го сокот од лимон, шеќерот и нишестето.
  • Во еден сад ставете ги брашното, шеќерот, солта, прашокот за пециво, изренданата кора од лимон и путерот исецкан на коцки.
  • Со прсти истријте го путерот во брашното додека да добиете ронливо тесто. Додадете ги жолчките и павлаката и замесете тесто.
  • Тестото поделете го на два дела. Едната половина ставете ја во замрзнувач. Втората половина ставете ја на набрашнета работна површина и со сукало развлечете ја во форма на круг.
  • Кората ставете ја во калап за печење (18х33 см) кој претходно сте го обложиле со хартија за печење и премачкале со путер. Убаво притиснете ја со прсти.
  • На кората распоредете ги боровинките.
  • Вториот дел од тестото извадете го од замрзнувач и изрендајте го над боровинките.
  • Ставете да се пече во загреана рерна на 180 целзиусови степени околу 45 минути.
loading...