Пита со спанаќ без кори

1965

Неверојатно вкусна пита која многу бргу ќе ја подготвите …

Потребно 

  • 350 гр свеж или смрзнат спанаќ
    1 страк праз
    400 гр шампињони
    100 гр фета сирење
    6 јајца
    150 гр изрендан кашкавал (гауда, ајдамер, ементалер)
    2 лажици маслиново масло
    сол и бибер, по вкус
    125 мл млеко
    125 мл павлака за готвење

Подготовка

  • Празот измијте го и исечете го на тенки листови. Шампињоните измијте ги и исечете ги на подебели листови. Спанаќот исчистете го, измијте го убаво и покрупно исечете го.
  • Во подлабок сад на рингла сипете го маслото и на загреаното масло пропржете го празот додека не омекне. Потоа додадете ги сецканите шампињони. Динстајте ги додека не испари целата течност што ќе ја пуштат.
  • Додадете го исецканиот спанаќ, посолете и побиберете и динстајте додека малку не омекне спанаќот. Потоа садот трнете го на страна и оставете да се излади убаво.
  • Округла тава со дијаметар од 25 см намастете ја убаво со масло.
  • Во еден сад ставете ги јајцата додадете ги половина од изренданиот кашкавал, павлаката и млекото, посолите и побиберите и убаво изматете со жица за матење.
  • Во изладената смеса со спанаќ, додадете го крупно издробеното сирење и смесата со јајца и убаво измешајте. Оваа смеса сипете ја во намастената тава.
  • Ставете да се пече во загреана рерна на 175 целзиусови степени околу 45 минути, но после 30 минути проверете со чепкалка за заби и смалете ја температурата на 160 степени и печете уште 10 до 15 минути.
  • Печената пита посипете со преостанатиот изрендан кашкавал и вратете ја во рерна само да се растопи кашкавалот.
  • Оставете ја питата да се излади, исечете ја на парчиња и послужете.
loading...