Пица со ајвар (посно)

813

Пица со ајвар 

Потребно

  • 450 гр брашно
  • 280 мл вода
  • 70 мл масло
  • 1/2 коцка свеж квасец
  • 1,5 лажиче сол
  • 1 лажиче шеќер

За филот

  • 2 лажици кечап
  • 2 лажици ајвар
  • 100 гр маслинки
  • 100 гр шампињони
  • 1/2 главица кромид
  • 3 поголеми кисели краставички
  • 1 помала свежа пиперка
  • 50 гр пченка шеќерец
  • 2 големи конзерви туна во масло
  • 300 гр растителен кашкавал
  • 2 лажици оригано

Подготовка

  • За тестото, во еден сад ставете малку топла вода, шеќер и квасецот. Разматете ги и оставете да стаса квасецот.
  • Во подлабок сад ставете ги брашното, маслото и стасаниот квасец. Замесете тесто. Оставете го на топло да нарасне додека го подготвувате филот.
  • За филот, во еден сад исмешајте ги туната (исцедена од маслото) со ситно сецканиот кромид. Шампињоните исечете ги на тенки листови, пиперката и краставичките на коцки, а маслинките на кругови. Измешајте ги ајварот и кечапот.
  • Земете ја големата тава од шпоредот и убаво премачкајте ја со масло. Нараснатото тесто развлечете го со големина на тавата. Ставете го во тавата. Премачкајте го со мешавината од кечап и ајвар.
  • Потоа распоредете ја туната со кромидот, па исецканите шампињони, краставички, пиперка, маслинки и пченката.
  • Посипете со оригано и на крупно изрендајте го кашкавалот.
  • Ставете да се пече во загреана рерна на 200 целзиусови степени. Кога ќе поруменат краевите на тестото тогаш пицата е печена.
  • Извадете ја од рерна и послужете.