„Пијанорексија” | Нов опасен тренд во исхраната

1026

Младите жени се почесто избегнуваат храна, т.е. цели оброци, заменувајќи ги со пиење алкохол, со што драматично го намалуваат дневниот внос калории, се посочува во најновите истражувања.

Оваа  релативно нова појава се вика „drunkorexia”, и се појавува по одредена диета, а се карактеризира со прескокнувања оброци. Иако се уште официјално не е заведена како пореметување во исхраната, симптомите се совпаѓаат со оние на анорексијата.

Овој тренд е присутен кај обата пола, но повеќе кај жените. Според една од студиите – дури 60 отсто студентки го практикуваат тоа. Лекарите предупредуваат дека вакви комбинации можат да имаат исклучително опасни последици по физичкото и менталното здравје.

loading...