Пијан гостин оставил голема напојница, а потоа молел да му ги вратат парите

420

Пијан гостин минал весела вечер во еден италијански ресторан во американската сојузна држава Колорадо, при тоа несебично делејќи им „дебели“ напојници на келнерите. Но, веќе следното утро зажалил поради тоа и се вратил во угостителсиот објект молејќи ги вработените да му ги вратат неговите пари.

Пијаниот гостин ги наградил келнерите од италијанскиот ресторан со илјада долари. Вработените бил пресреќни и одлучиле напојницата да си ја поделат меѓусебе.

Шефот на ресторанот исто така бил воодушевен од гостинот, но сепак бил нешто повнимателен, па ги советувал вработените се уште да не ги делат парите, туку да чекаат да помине еден ден.

Неговите стравувања се покажале како точни, бидејќи анонимниот гостин уште во утринските часови следниот ден зажалил за својата постапка и посрамен дошол во ресторанот молејќи да му ги вратат парите.

– Ниту за миг не размислувавме дали треба да му ги вратиме парите или не. Ни беше жал за вработените кои се радуваа на напокницата, но знаеме дека ја направивме вистинска работа со тпа што ги вративме парите, изјави сопственикот на ресторанот.

Парите му биле вратени на гостинот, а тој во знак на благодарност сепак оставил сто долари напојница и се извинил за целтата ситуација.

loading...