ПЛАН НА ВЕКОТ – КИНА ќе заработи милијарди од топење на Арктикот

2597
Booking.com INT

Пекинг многу се плаши од топењето на снегот поради климатските промени, но сепак се подготвува да искористи сето она што тоа го нуди.

Bitcoin Exchange CEX.IO

Министерот за поморство на САД, Richard Spencer, заклучи во американската стратегија за Арктикот, која наскоро ќе биде објавена, дека “проклетото нешто се отопува”, наведува Foreign Policy. Списанието објаснува дека политичката, поточно геостратегиската и, секако, ситуацијата со климатските промени околу мразот на крајниот северен дел на Земјата, е таква што 16-годишната поморска стратегија на САД за Арктикот морале да ја променат по само четири години.

Древниот мраз се топи и се распаѓа, се отвораат нови водни патишта, “се ослободуваат нови ресурси”, а се појавува и Кина како растечка сила која го бара својот дел од Арктикот. Три месеци пред САД да одлучат да ја “освежат” својата стратегија за Арктикот, Кина излезе со сопствена нова арктичка стратегија. Таа го употребила терминот “Поларен пат на свилата”, што е директна последица на сеприсутната употреба на кинескиот претседател Xi Jinping, кој слично ја опишува својата иницијатива “Еден појас, еден пат”.

Во северниот поларен контекст, тоа би требало да значи нов воден пат преку одледениот Арктички Океан, со кој ќе доминира кинеската трговија и кој ќе им послужи на глобалните амбиции на Пекинг. Кина веќе некое време е во статусот на набљудувач во Арктичкиот совет како земја “во близина на Арктикот”, а во својата “Арктичка стратегија” се подготвува да стане и земја со удел во тој регион. Тоа неизбежно директно влијае на иднината и амбициите на САД во тој дел од светот. Кинеската стратегија, освен воден пат, значи и инвестиции на Кина во земјите во зоната на Арктикот, што значи Финска, Норвешка, Исланд, Данска и Шведска, како и интензивни научни истражувања.

Второто е поради тоа што Кина е свесна дека топењето на Арктикот ќе значи поплавување во крајбрежната зона на земјата поради пораст на нивото на морето. Проценката од 20 милиони климатски бегалци во Кина уште е, всушност, и конзервативна, а тука е и влијанието врз земјоделското производство на храна во Кина како директен резултат на климатските промени наредните децении. Во светот во кој САД под раководство на Доналд Трамп се откажале од напорите да се светски шампион во борбата против климатските промени, Кина не крие дека таа е онаа која има намера да влезе во игра, и дека има намера да се претстави како глобална, одговорна суперсила.

Русија со тој воден пат нема проблем, во тој случај таа би наплатувала надоместоци за пловење по должината на брегот, а на бродовите од Кина кон Запад, тој пловен пат би значел до 15 дена заштеда во однос на Суецкиот канал и индонезискиот архипелаг. Да не зборуваме дека тоа би значело и целосно заобиколување на американската воена морнарица во тие делови од светот. Кина, во својата стратегија, дури смета и со пократки пловидбен арктички пат, како што во неколку децении мразот на Северниот Пол се повеќе ќе се топи и распаѓа.

Во тој случај, кинеските бродови повеќе нема да зависат ниту од Русија со која Кина инаку е во многу добри односи. “Кој и да го контролира Арктичкиот пат ќе го контролира новото поглавје на светската економија и меѓународните стратегии”, вели Ali Zhenfu, директор на центарот за поларни истражувања на морето на Далианскиот поморски универзитет.

Кина денес е во таква позиција и многу зависна од нафтата и гасот кои ги увезува од Персискиот Залив и од Африка, што значи транспортот преку тесни области контролирани од страна на американската морнарица. Кина сега се обидува да го реши со инвестирање во норвешката нафта и рускиот гас, а се обидува да влезе во Алјаска и Канада. Земјите близу до Арктикот, кои исто така, имаат свои амбиции во врска со Арктикот, во што барем делумно се вклопуваат инвестициите на Кина. Кина особено смета на Исланд и Гренланд, кои припаѓаат на Данска.

На Исланд се интересни технологиите за искористување на геотермалната технологија, како и на Исланд и на Гренланд развој на пристаништата во длабокото море, а Гренланд, исто така, заради топењето, е интересен поради можната експлоатација на нови наоѓалишта на минерали кои наскоро ќе се ослободат под мразот. Финска и Кина неодамна потпишале договор за “Поларниот пат на свилата”, а Норвешка на Кина ѝ е интересна и заради научните истражувања на островот Свалбард.

Кина наскоро ќе го пушти во пловидба својот тежок мразокршач Xuelong 2, најважно пред САД, а 2017 година го лансираше својот сателит FY-3D за следење на временските услови и климатските промени, но не е незабележано дека вложила напори да го лансира три дена пред САД да отпочне со лансирањето на својот сателит. И додека Кина со сѐ поголемиот број на сателити ја следи светската, особено поларната клима, Соединетите Американски Држави својата програма ја намали за една петтина од финансиските средства.

Booking.com INT Bitcoin Exchange CEX.IO
loading...